Топ-100
Back

ⓘ Коста Јашмаков – учесник во НОБ, воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА. Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна 1941 бил капетан II класа ..




                                     

ⓘ Коста Јашмаков

Коста Јашмаков – учесник во НОБ, воен командант од НОАВМ, потполковник на ЈНА.

Завршил воена академија. Во времето на Априлската војна 1941 бил капетан II класа на југословенската војска. Како член на КПМ и учесник во НОАВМ од април 1944, првин бил началник на Штабот, а потоа командант на Третата македонска бригада од 6 август 1944, делегат на Првото заседание на АСНОМ, а како унапреден мајор 1 декември 1944 и командант на Четириесет и втората кумановска дивизија и началник на Штабот на Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ.

По Ослободувањето бил помошник на командантот на воена школа, наставник на ВВА ЈНА и др. Рано му престанала активната служба во ЈНА 1959 година и бил пензиониран со чин потполковник.