Топ-100
Back

ⓘ Јаким Синадиновски. Учествувал во Втората светска војна како борец против италијанско-албанските фашистичко-балистички воени сили. Бил дел од мавровско-гостивар ..




                                     

ⓘ Јаким Синадиновски

Учествувал во Втората светска војна како борец против италијанско-албанските фашистичко-балистички воени сили. Бил дел од мавровско-гостиварскиот партизански одред "Кораб". Бил и меѓу македонските партизани кои балистот Џемо Хаса ги пратил во заточеништво во тиранскиот затвор.

На 27 април 1943 година одредот влегол во судир со балистите на Џемо Хаса во Ново Село. При тоа, четворица борци биле убиени: Злате Дамјановски, Анте Гиноски, Радован Цониќ и Боге Велјановски; десетмина биле заробени: Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Ристо Оџаклиевски, Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска, а осуммина успеале да го пробијат непријателскиот обрач. Заробените партизани, балистот Џемо ги предава на италијанските власти, и тие се однесени во затворот во Тирана. Подоцна, шестмина од нив - Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски, Драге Тодоровски, Трифко Андоновски и Ристо Оџаклиевски, од десеттемина заробени борци од одредот биле осудени на смрт и на 15 мај 1943 година - обесени во дворот на затворот во Тирана.

Злате Малаковски, Јаким Синадиновски, Антигона Туфа и Сина Димитровска биле осудени на временски казни заради тоа што биле малолетни.

Според Јаким Синадиновски, во Албанија има 180.000 етнички Македонци - христијани и муслимани.

По војната, во независна ФНР Македонија, Јаким Синадиновски ѝ се посветил на публицистиката. Негови дела се:

  • "Непокорот на Македонците во Гостиварско низ вековите" 1995
  • "Непосредно самоуправување и меѓучовечките односи во работните единици на комбинатот" 1970
  • "Трите мавровски села: Монографска студија" 1976
  • "Титоввелешките села: Социо-економски испитувања" 1969
  • "Национален парк Маврово" 1993
  • "Емпириски општествени истражувања: Процедури, методи и техники" 1992
  • "Националното прашање и меѓунационалните односи кај нас" 1988