Топ-100
Back

ⓘ Современа уметност. Под современа уметност подразбираме уметност која ја создаваат современиците и онаа уметност која ја перципираат современици, и бидејќи не п ..




Современа уметност
                                     

ⓘ Современа уметност

Под современа уметност подразбираме уметност која ја создаваат современиците и онаа уметност која ја перципираат современици, и бидејќи не постои цврста рамка за современо, така не постои правило за нејзина пристапност и временска ограниченост. Слични значења во овој контекст имаат и поимот актуелна уметност и англискиот поим contemporary art.

Овој поим се употеребува за да се избегнал изразот модерна уметност. Во секојдневниот говор под поимот модерно, па и помодно го подразбираме онаа што моментално може да им се допадне на повеќето луѓе, а што може да се замени со изразот современо. Овие изрази го претставуваат онаа што го донесува времето во кое живееме. Стручно, во контекстот на уметноста и на историјата на уметноста изразот модèрна се спојува со одредена епоха во историјата на уметност, но без временското заклучување. Особено во поимот постмодèрна повеќе не се јавува значењето примерено на времето. Под поимот современа уметност и современост не се подразбира некој одреден уметнички стил који би имал одредени карактеристики, траење ниту кој се спојува со формата во уметноста или пак одредени техники. Современата уметност може да биде сликарство кое се одомаќинило во последните години или децении, но под тој поим можеме да подразбираме и видео уметност, концептуална уметност и уметност која се создава со помош на компјутер. Современата уметност не е карактеристика само на некое уметничко дело туку и на тешко разграничен културен и економски систем во уметничкото производство кои се ориентирани кон претприемништвото и уметничкиот пазар. Многу музеи и уметнички галерии денес претставуваат уметнички изложбени места за современата уметност. Што се однесува на поимите современа и актуелна уметност, актуелно не значи дело кое е создадено вчера - тоа мора да има денешно значење.

                                     

1. Некои од движењата во историјата на современата уметност

Шеесеттите години на дваесеттиот век

  • Вашингтонско колор училиште
  • Хепенинг
  • Лирска апстракција
  • Минимализам
  • Перформанс уметност
  • Концептуална уметност
  • Постминимализам
  • Апстрактен експресионизам
  • Оп уметностОптичка уметност
  • Компјутерска уметност
  • уметност и јазик
  • Кобра 1948 година
  • Поп арт
  • Неодадаизам
  • Флуксус

Седумдесетите години на дваесеттиот век

  • Фотореализам
  • Уметност на повер
  • Ленд-арт
  • Уметничка инсталација
  • Постминимализам
  • Уметнички книги
  • Боди арт
  • Видео уметност
  • Феминистичка уметност

Осумдесетите години на дваесеттиот век

  • Постмодернизам
  • Демо-сцена
  • Електронска уметност
  • Неоконцептуална уметност
  • Уметност на видео-инсталација
  • Мејл-арт
  • Жива уметност

Деведесетите години на дваесеттиот век

  • Интернет уметност
  • Млади британски уметници
  • Уметност на информации

Прва деценија на дваесет и првиот век

  • Плурализам
  • Звучна уметност
  • Улична уметност
  • Уметност на видео игри
  • Софтверска уметност
                                     

2. Дополнителна литература

  • Rauterberg, Hanno: Und das ist Kunst?! − Eine Qualitätsprüfung, S.Fischer Vlg., Frankfurt am Main 2007. ISBN 978-3-10-062810-7., 304 S.
  • -{David Britt: Modern Art - Impressionism to Post-Modernism. Thames & Hudson, London 2007. ISBN 978-0-500-23841-7.
  • Saehrendt, Christian/ Kittl, Steen T.: Das kann ich auch − Gebrauchsanweisung für moderne Kunst, DuMont Literatur und Kunstverlag Köln 2007. ISBN 978-3-8321-7759-1., 248 S.
  • Völker, Wolfram Hg.: Was ist gute Kunst?, Hatje Cantz Verlag, Ostfildern 2007. ISBN 978-3-7757-1976-6., 167 S.}-
                                     
  • февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години
  • француски: Château de Montsoreau - Musée d art contemporain е музеј на современа уметност во Дворецот Монсоро во долината на Лоара во Франција. Музејот е основан
  • спаѓаат во т.н. пластични уметности. Ликовната уметност која се практикува денес се нарекува современа уметност Цртањето е начин на создавање на слики, со
  • практики. Во поширока смисла, поимот дигитална уметност се користи за означување на современа уметност што користи методи на масовно производство или
  • организира и повремени изложби. Музејот на фотографија и Центарот за современа уметност се самојстојни одделенија на овој музеј. Во музејот може да се видат
  • Музеј на современа уметност на Република Српска е централна музејска установа за извршување музејски активности. Музејот на современа уметност во Република
  • Франциско: Музеј на современа уметност Сан Франциско Сао Паоло: Ликовен музеј, Музеј на современа уметност УСП, Музеј на современа уметност Рио де Жанеиро
  • национална култура. По блескавиот расцут на средновековната македонска ликовна уметност настапи петвековното ропство под Отоманското Царство. Во тој мошне тежок
  • Македонија првите видеопрезентации 1984 и 1985 ги организирал Музејот на современа уметност а во 1986 Македонската телевизија ТВ Скопје ја одржала меѓународната

Users also searched:

...
...
...