Топ-100
Back

ⓘ Закатон е дупка или бездна исполнета со термална вода која припаѓа на група невообичаени карстни карактеристики во сојузната држава Тамаулипа во Мексико. Таа е ..




Закатон
                                     

ⓘ Закатон

Закатон е дупка или бездна исполнета со термална вода која припаѓа на група невообичаени карстни карактеристики во сојузната држава Тамаулипа во Мексико. Таа е една од најдлабоките познати дупки наполнети со вода во светот со длабочина од 339 метри. Длабочината е измерена со помош на робот.

                                     

1. Хидрогеологија

Закатон е само еден од бројните бедзни и други карстни карактеристики во регионот. Тука има неколку пештери. Овие јами почнале да се формираат за време на периодот плеистоцен како резултат на вулканска активност. Водата го раствора варовникот кој е на врвот на бездната.

                                     

2. Маи

Понекогаш луѓето Маи го користеле овој дел како еден вид светилиште. Тука принесувале жртви кон својот бог на дожд, наречен Чач митологија. Според нивната митологија, богот Чач живее во оваа бездна. Ова, наводно, е влезот во подземниот свет. Некои нуркачи денес, кога влегуваат во бездната, чувствуваат нечие присуство близу до себе. Затоа, оваа бездна се смета за "опседната".