Топ-100
Back

ⓘ Софија Лаличиќ или според некои извори Сафија Лаличиќ е судија кривичар во Основен суд Скопје 1. Во 2012 година таа е назначена за судија на 28 години, а со тоа ..




                                     

ⓘ Софија Лаличиќ

Софија Лаличиќ или според некои извори Сафија Лаличиќ е судија кривичар во Основен суд Скопје 1. Во 2012 година таа е назначена за судија на 28 години, а со тоа претставува најмладиот назначен судија во историјата на правосудството на Македонија.

Во Посебниот извештај на Специјалното јавно обвинителство СЈО го доставило до Собранието на Република Македонија на 14 септември 2018 година Лаличиќ е наведена како една од судиите кои извршувале политички нарачки. Покрај ова во извештајот на СЈО е наведено дека судијката била избрана на незаконски начин со помош на Мијалков, и според неа, нестручно и несовесно ја вршела судиската функција по контроверзниот избор.

Во однос на професионалноста на Лаличиќ во истиот Извештај се вели:

"Нејзините врски со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат. Задоволување на приватни интереси и интереси на нејзини блиски луѓе, споделување информации до кои дошла при вршење на функцијата за цели кои не биле поврзани со судиските должности, запознавање на трети лица со внатрешните состојби и односи во судот, недостоинствено однесување во личните и социјални односи и дозволување истите да влијаат на несоодветен начин во нејзиното однесување при вршење на функцијата се само дел од начините на кои била користена моќта која ја носи судиската функција".

Во истиот извештај на СЈО се вели дека повеќе од една година пред да биде избрана за судијка ѝ била ветена судиската функција.

                                     

1. Пошироко семејство

Лаличиќ, која суди кривични предмети е во роднински врски со сопствениците на фирмата "Руле турс" што стопанисува со меѓуградската автобуска станица во Скопје.

                                     

2. Почетоци

Лаличиќ почнала да работи како приправник во канцеларијата на Антонио Апостолски, за кратко време потоа да биде преземена од Лидија Неделкова. По две години поминати во судот пред да ја изберат за судијка, беше портпарол во канцеларијата за односи со јавноста кога претседaтел е Лидија Неделкова.

Пред да стане судија немала допир со кривични предмети, што било услов ефективно изведување на работата се вели во магазинот "Глобус" од 24 март 2015.

                                     

3. Кариера како судија

Според новинската агенција "Мета" како стручен соработник и како судија Лаличиќ има постигнато солидни резултати. Според Судскиот совет за 2013 година таа има добиено оценка "многу добар."

Во однос на постигнатите резултати како судија прашана од "Дојче Веле" за коментар дали за нејзиниот избор за судија клучна била стручната подготовка или наводни партиски интервенции таа одговорила:

"Не коментирам и не знам дали јас можам да коментирам бидејќи судот има официјален портпарол. Моите професионални параметри и резултат се мерливи и за нив секој може да се информира во судот"

Во 2016 година била еден од штестте кандидати кои биле предложени за пракса во трањее од шест месеци во Судот во Стразбур.

Во Посебниот извештај на Специјалното јавно обвинителство го доставило до Собранието на Република Македонија на 14 септември 2018 година Лаличиќ е наведена како една од судиите кои извршувале политички нарачки.

Едно од рочиштата на случајот на Специјалното јавно обвинителство "Шамарите во Центар" било одложено затоа што судијата Лаличиќ, во текот на една од паузите без дозвола, го зела единствениот систем за снимање.

Во случајот "Тифани" поврзан со затајување на данок во периодот од 2008 до 2014 година од новинарката на Сител Ивона Талевска преку друштвата "Смарт ДООЕЛ" и на "Смарт груп ДООЕЛ Скопје" по признание за стореното дело судијата Лаличиќ донесува условна пресуда во траење од четири години.

Во однос на префесионалното и етичко однесување на судијата Лаличиќ невладината организиација "Сведок" наведува:

"Во контекст на наведеното, а спротивно на прифатените и инкорпорирани етички стандарди за вршење на судиската функција, судијата Софија Лаличиќ недостоинствено ја вршела функцијата која и е доверена, грубо повредувајќи ги принципите содржани во Кодексот на судиската етика за судиите во Република Македонија. Нејзиното целокупно лично однесување и професионално постапување за време на вршењето на судиската функција претставува повеќекратно прекршување на принципот на независност изразен во точка 1.1, 1.2, 1.3 и 1.5, принципот на непристрасност изразен во точка 2.1 и 2.2, принципот на интегритет изразен во точка 3.1, 3.2 и 3.3, принципот на пристојност изразен во точка 4.2, 4.3, 4.6 и 4.7, како и принципите на стручност и совесност изразени во точка 6.7 од Кодексот на судиска етика."

Во истиот текст невладината организација "Сведок" вели:

Лаличиќ и натаму суди кривични предмети полнолетни, и не е променета од таа позиција и по доаѓањето на Иван Џолев за претседтел, само што сега не го води Кривичниот совет како што беше порано."

Users also searched:

...