Топ-100
Back

ⓘ Карнавале е музеј во Париз е посветен на историјата на градот. Музејот опфаќа две соседни згради: Хотел Карнавале и поранешниот Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго. П ..




Карнавале
                                     

ⓘ Карнавале

Карнавале е музеј во Париз е посветен на историјата на градот. Музејот опфаќа две соседни згради: Хотел Карнавале и поранешниот Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго. По совет на баронот Осман, државен службеник кој го изменил ликот на Париз, во втората половина на 19 век, хотелот Карнавале бил купен од страна на Советот на општината Париз во 1866. Тој бил отворен за јавноста во 1880 година. Во вториот дел од 20 век, музејот веќе бил во полн капацитет. Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго бил припоен кон Карнавале и отворен за јавноста во 1989 година.

Карнавале е еден од 14-те градски музеи на Париз кои од 1 јануари 2013 станале дел од јавната институција Париски музеи. Музејот е затворен поради реновирање до крајот на 2019.

                                     

1. Збирки

Во дворот една прекрасна скулптура на Луј XIV, ги поздравува посетителите. Во внатрешноста на музејот, поставките ја покажуваат трансформацијата на селото Лутеција, населено од галското племе Паризии, во денешниот голем град Париз, кој брои околу 2.201.578 жители.

Карнавале поседува збирка од 2.600 слики, 20.000 цртежи, 300.000 гравури и 150.000 фотографии, 2.000 модерни скулптури и 800 делови мебел, илјадници парчиња керамика, многу украси, модели и релјефи, знаци, илјадници монети, безброј предмети, многу од нив сувенири на познати ликови и илјадници археолошки фрагменти. Периодот наречен Модерно време, кој се протега од ренесансата до денес главно е познат по огромното количество на слики од градот. Постојат многу слики од улиците и спомениците на Париз од 16 до 20 век, но исто така, и многу портрети на ликовите кои одиграле улога во историјата на главниот град и дела кои покажуваат настани што се случиле во Париз, особено многуте револуции кои го потресувале градот, како и многу сцени од секојдневниот живот, од сите социјални класи.

                                     

1.1. Збирки Лутеција

  • Долги тесни кануа направен од стебло француски: pirogues, кои датираат уште пред првиот пишан опис на селото познато во тоа време како Лутеција во 52 година од нашата ера, во делото на Јулиј Цезар За галската војна латински: De bello Gallico.
  • Убаво шише од четвртиот век кое се користело за парфем, вино или мед
                                     

1.2. Збирки Средновековен град

  • Добро зачувана скулптура од главата на Богородица од 14 век. Градот во овој период бил погоден од немили настани што го уништувале: Стогодишната војна и Големата чума од 1348
  • Раскошен ковчег од 13 век, кој веројатно потекнува од кралската Опатија Сен Дени
                                     

1.3. Збирки Ренесансата и Верските војни

  • Слика од Пон неф околу 1660 која покажува група парижани на коњи или пеш,некој продавач кој ги покажува своите производи на група на заинтересирани и човек кој чекори носејќи товар на грбот.
  • Неколку слики кои ја прикауваат Мадам де Севиње, која се сметала за најубавата жена во Париз
  • Слики од 16 век, со познати луѓе од тоа време, вклучувајќи Франсоа I, Катерина Медичи и Анри IV.
                                     

1.4. Збирки Француска револуција

  • Слики кои ја покажуваат одмаздата на луѓето врз Бастиља, зандана која станата "симбол на произволноста на кралската моќ."
  • Хартија на која Робеспјер делумно го напишал неговиот потпис, кога бил приведен од војниците на Националната Конвенција.
  • Слики или скулптури на познатите глумци во драмата на Револуцијата, вклучувајќи ги Мирабо, Дантон, Робеспјер и кралското семејство
  • Познатата незавршено слика од Жак-Луј Давид, Заклетва на тениско игралиште 1789, која го отсликува клучниот настан во француската историја кога членовите на Националното собрание положуваат заклетва дека нема да се распуштат додека не помине "цврст и правичен Уставот." Овој настан е често се смета како почеток на Француската револуција.
  • Лични нешта кои припаѓале на Марија Антоанета.
  • Слика од погубување на гилотина на плоштадот на Револуцијата, од Пјер-Антоан Демоши: судбина каква што доживеале кралот Луј XVI, Кралицата Марија Антоанета, ројалистите, жирондинците, ебертистите, дантонистите, Робеспјер и неговите следбеници и многу други


                                     

1.5. Збирки Париз, престолнина од XIX век

  • Слика од конструкцијата на Статуата на слободата, која била подарена на САД во парчиња
  • Сликите од Универзалната изложба, вклучувајќи ја и онаа на Ајфеловата кула, која била специјално изградена по повод овој настан. Истите се користеле во анимираниот филм Аристократи на Волт Дизни од1970 година.
  • Слика која отсликува еден од најважните моменти на Јулската револуција: Освојување на Лувр, 29 јули 1830 година, од страна на Жан-Луј Безар
  • Реални слики од крајот на 19 век во Париз.
  • Раскошна лулка на кралскиот принц Луј Наполеон Бонапарт, син на царот Наполеон III и царицата Евгенија
  • Слики од почетокот на 19 век во Париз
  • Наполеоновата омилена хигиенска кутија за лични предмети
  • Прекрасни скулптури на парижани од тоа време, некои реални портрети, други карикатури, од страна на Жан-Пјер Дантан
  • Златен часовник кој му припаѓал на Емил Зола
  • Прикажани постери од Убавата епоха


                                     

1.6. Збирки Париз во дваесеттиот век

  • Фотографии од 20 век во Париз од страна на Ежен Атже и Анри Картие-Бресон
  • Фотографија во дагеротип, на Форумот на Халите, од страна на двајца американски фотографи во 1989 година, по повод изложбата кога во Карнавале се прославила 150 годишнина од пронајдокот на фотографијата
  • Реконструкција со оригинален мебел на просторијата каде Марсел Пруст го напишал делото Во потрага по изгубеното време
  • Стилизирана слика на преполното бистро на средината на 1900, од страна на натурализираниот јапонски уметник, Леонард Фуџита
                                     

2. Зградите

  • Хотел Карнавале

Во 1548 година, Жак де Лињери, претседател на Паришкото собрание, ја наредил изградбата на зградата која ќе биде позната како Хотел Карнавале. Изградбата била завршена околу 1560 година. Во 1578, вдовицата на Франсоа де Керневеноа, Бретонец чие име било изговорено на француски јазик како Карнавале, ја купила зградата. Во 1654 година, зградата била купена од страна на Клод Боизлев, кој го овластил добро познатиот архитект, Франсоа Мансар, да направи големо реновирање. Мадам де Севиње, писателката позната по нејзината епистоларна книжевност, живеела во хотелот Карнавале од 1677 до нејзината смрт во 1696 година.

  • Хотел Ле Пелетје де Сен Фарго

Хотелот Ле Пелетје де Сен Фарго, исто така, бил изграден во средината на 16 век. Тој бил првично познат како Хотел Доргевал. Бил купен од страна на Мишел Ле Пелетје и останал во наследство на неговиот внук, Ле Пелетје де Сен Фарго кој бил претставник на аристократите во Собранието на сталежот од 1789 година. Во 1793 година, Ле Пелетје гласал за погубувањето на Луј XVI, и бил убиен, во одмазда заради неговиот глас, истиот ден кога кралот бил погубен на 20 јануари, 1793.

                                     

3. Користена литература:

  • Schama, Simon. Citizens: A Chronicle of the French Revolution. New York: Alfred A. Knopf, 1989.
  • Colson, Jean. Paris: Des Origines à Nos jours. Paris: Éditions Hervas, 1998.
  • "Taking in Paris Any Day, Any Century". New York Times. January 9, 2013.
  • Leri, Jean-Marc. Musée Carnavalet: Histoire de Paris. Paris:Éditions Fragments International, 2007.
                                     

4. Надворешни врски

  • англиски Музеј Карнавале официј на мрежно место јт
  • англиски ј Карнавале Информации за посетител
  • англиски Париск м Музеи официј на мрежно место јт
                                     
  • Слика од Лалеман околу 1775 година. Џузепе Канела, Пон неф во 1832, музеј Карнавале Париз Слика од Реноар во 1872. Слика од Артур Мидоуз во 1897. После
  • изработил медал со неговиот лик. Примерок од овој медал е зачуван во музејот Карнавале со индекс ND 0316. 1536: Хотел Антоан Булоа во Лион 1540: дворец Сен
  • во Ри Блас 1872 во Францускиот театар Француска комедија Од фотографот Ашил Меландри. Формат 14, 1 x 10 cm Муѕеј Карнавале Париз N INV : PH8673

Users also searched:

...