Топ-100
Back

ⓘ Музеј Пикасо, Париз. Музејот Пикасо во Париз е француски национален музеј посветен на животот и делото на сликарот Пабло Пикасо и уметниците кои биле поврзани с ..




Музеј Пикасо (Париз)
                                     

ⓘ Музеј Пикасо (Париз)

Музејот Пикасо во Париз е француски национален музеј посветен на животот и делото на сликарот Пабло Пикасо и уметниците кои биле поврзани со него. Музејот се наоѓа во III округ на Париз, сместен во зградата на Хотелот Сале и истиот ја поседува најобемната колекција на делата на овој истакнат сликар од шпанско потекло кој живеел и творел во Париз.

                                     

1.1. Историја Од Хотелот Сале до Музејот Пикасо

Пјер Обер де Фонтене на 16 мај 1656 за 40 000 ливри купил земјиште од 3 700 м 2 кое се наоѓа северно од улицата Перл со цел да изгради замок. Како архитект одбрал млад непознат човек, Жан Булие од Бурж. Тој припаѓал на семејство градители а неговиот прадедо претходно веќе бил во служба на семејството на Пјер Обер де Фонтене. Хотелот Обер де Фонтене, го нарекувале Солениот хотел на француски, хотел Сале, во спомен на потеклото на богатството на сопственикот, одговорен за собирањето на данокот за сол - солен данок. Три години подоцна, во последните денови на 1659, работата била завршена и Пјер Обер бил во можност да се насели во неговиот нов хотел. Резбаната декорација им била доверена на браќата Гаспар и Балтазар Марси и Мартин Дежарден. Во 1660 година, Пјер Обер де Фонтене купил повеќе објекти низ Париз, меѓу кои и зградата на Театарот Маре каде во 1634 до 1673 Корнеј ги создал своите први драми. Богатиот Де Фонтене потоа пропаднал и во 1663 му бил одземен имотот. По пропаста на Пјер Обер де Фонтене, овој раскошен хотел го посакувале повеќе доверители што резултирало во постапка која траела шеесет години.

Од крајот на 17 век до 20, хотелот доживувал разни судбини. Во 1964 година, градот Париз го купил хотелот, која е класифициран како историски споменик на 29 октомври 1968 година. Од 1974 до 1984 година, хотелот бил реновиран и обновен. Во 1974 паднала одлуката во хотелот да се постави колекцијата на Пикасо. Во 1976 на конкурс било одлучено Ролан Симуне да се го адаптира во музејот враќајќи му го на хотелот неговиот оригинален изглед. Архитектот морал да ја почитува зградата со историски карактер, обезбедувајќи простор за презентација и чување на делата, прием на посетители. Декоративните елементи, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот бил отворен за јавноста во 1985 година.

                                     

1.2. Историја Последователни сопственици

Зградата има неколку познати сопственици, меѓу кои и амбасадорот на Венеција помеѓу 1668 и 1688, и потоа, по 1688, Франсоа де Нефвил, војводата од Вилроа, миленик на Луј XIV Луј.

Хотелот потоа бил ставен на продажба и поминал во сопственост на Никола Ле Ками прв претседател на Судот за помош, во 1728, а потоа му бил препродаден на Филип Тиру де Шамевил, во 1756. По неговата смрт, во 1771, хотелот го наследиле негова ќерка и зетот, Луј Леклерк, маркизот де Жиње. Запленет во тек на Француската револуција, зградата на хотелот станала национално книжевно складиште во која се собрани книгите од околните манастири. Потоа, куќата била продадена од граѓанинот Роберт Морел на граѓанинот Луј Никола Обри, кој ја продал во 1798 на граѓанинот Русиј Моренвил. На 27 февруари 1916, починала госпоѓицата Мари-Луси Русиј, родена во 1848 година. Таа била единствената наследничка на целиот имот на Русиј. Хотелот, по нејзина волја останал во наследство на внукот Гаврил Ламуру. Габриел Ламуру умрел на 3 ноември 1962 година на 24 март 1964 година, неговите наследници биле повикани на Суд, во Париз, за да ја слушнат одлуката за експропријација на хотелот. Градот сакал да создаде музеј за костими. Одлуката на судот, оспорената од оние на кои им бил одземен имотот, била потврдена на 3 февруари 1966.

Градот Париз не го основал планираниот музеј за костими, туку, по смртта на Пикасо, хотелот Сале го дала во сопственост на државата за во него да се инсталира музејот посветен на уметникот.

                                     

2. Архитектура

Тремот излегува во полукружен лесно овален двор. Левата страна е градба во trompe-loeil. Патеката кон десното крило дава пристап до помал двор, каде порано биле сместени шталите и кујните, директно водејќи до улицата Кутир-Сен-Жерве. Еден ходник ги поврзувал кујните со централниот дел на куќата.

Главната фасада вклучува еден спрат и таван над приземјето, со првата издаденост која има фронтон со грбот на Обер глави на кучиња, и втората издаденост со еден централен распон. Од страната на градината, фасадата е најголема во областа Маре. Во главниот дел на куќата има внатрешни скали. Неколку уметници придонеле за декорацијата на хотелот.

                                     

3. Музејот

Хотелот Сале, целосно бил обновен. Музејот Пикасо го дизајнирал архитектот Ролан Симуне и истиот бил инаугуриран во 1985. Тој ја содржи најбогатата колекција на делата на уметникот во светот ги опфаќа сите негови периоди.

                                     

3.1. Музејот Постојана колекција

По неговата смрт, Пикасо оставил околу 40 000 дела во различни својства. Наследниците донеле во прво време 203 слики, 158 скулптури, 16 колажи, 29 релјефни слики, 88 парчиња керамика, 1500 цртежи, 1600 отпечатоци и ракописи.

Личната колекција на Пикасо, која ја правел за време на неговиот живот во собирање на делата на неговите пријатели, на мајсторите на кои тој се восхитувал Првите дела, биле дадени на француската држава во 1978 година да бидат претставени во музејот Лувр. Оваа колекција природно се приклучила на фондот на Музеј Пикасо. Во 1990 година, по смртта на Жаклин Рок, во 1986 година, сопругата на Пикасо, музејот добил нова донација. 47 слики, 2 скулптури, четириесет цртежи, керамика, резби, како збогатување и надополнување на оригиналната колекција. Конечно, во 1992 година, личната архива на Пикасо била донирана на државата. Со своите илјадници документи и фотографии кои ги опфаќаат живот на Пикасо, тие придонесуваат музејот да стане главниот центар на студија на животот и делото на уметникот. Декоративни елементи во рамките на изложбените сали на музејот, лустери, клупи, столчиња, маси, биле специјално создадени за потребите на музејот од страна на Диего Џакомети. Музејот има колекција која содржи 4 609 дела изложени во моментов од вкупно 4 949 уметнички дела, од кои 4 862 се на Пикасо, во прилог на 17 623 фотографии, 384 филмови, 11 000 книги, од кои 89 се илустрирани од Пикасо и 200 000 записи.



                                     

3.2. Музејот Црна хроника

Кражба на книга со цртежи, чија вредност се проценува на 8 милиони евра, се наоѓаат во музејот на 9 јуни 2009 година.

                                     

3.3. Музејот Меѓународна турнеја

Во текот на времетраењето на реновирањето, колекција на дела од музејската поставка е дадено во контекст на големи меѓународни изложби организирани од страна на музејот под наслов: Ремек-дела од националниот Музеј Пикасо во Париз ". Овие изложби, му обезбедиле 31 милиони евра во музејот.

                                     

3.4. Музејот Надворешни врски

  • Онлајн Колекција на музејот на Пикасо
  • Официјална Страница на националниот Музеј Пикасо во Париз
  • Виртуелна тура на Музеј Пикасо
                                     
  • Автопортрет со маслинова позадина Пјер Пјуви де Шаван - Сиромашниот рибар Музеј Орсе, Париз Џон Колиер Чарлс Дарвин Сер Џорџ Џесел Едгар Дега Малиот 14 - годишен
  • изложена во 1965 година, а создадена во 1963. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според
  • уметничка вредност во Тејт галеријата во Лондон, Националниот музеј за модерна уметност во Париз Музејот на убавите уметности во Орлеан, Музејот на уметноста
  • богата колекција експонати од огромна важност меѓу кои и дело на Пабло Пикасо била изградена новата музејска зграда, а реализирани биле и над 250 меѓународни
  • вајарството. За првпат го посетил Париз во 1924, кога бил при крајот на студиите. Таму ги запознал Жан Кокто, Жан Реноар, Пабло Пикасо Даниел Анри Канвајлер и
  • Модерниот уметник и основач на кубизмот, Пабло Пикасо насликал неколку цртежи инспириран од Алжирските жени Пикасо заедно со неговиот близок пријател и ликовен
  • Истата година тој за првпат го посетил Париз каде се сретнал со Пабло Пикасо кому Дали му се восхитувал. Пикасо веќе имал слушанато за Дали од Јоан Миро
  • речиси непријателски настроена личност. Модиљани, после првата средба со Пикасо кој во тој период се шетал наоколу со неговат брендирана облека, искоментирал
  • каде што тој и еден пријател ја продаваат уметноста од страна на Пабло Пикасо Три години подоцна, по смртта на мајката и братот на Диор и финансиската
  • артисти како: Пол Чезане, Јужин Де ла Кроа, Хенри Матиз, Камил Пизаро и Пабло Пикасо Музејот Џорџе Татареску, содржи портрети од романските револуционери во

Users also searched:

...