Топ-100
Back

ⓘ Италијански фолклор. Во Италија постојат многу легенди и народни приказни. Со текот на времето повеќето народи на овие простори оставале траги во народното твор ..




                                     

ⓘ Италијански фолклор

Во Италија постојат многу легенди и народни приказни. Со текот на времето повеќето народи на овие простори оставале траги во народното творештво. Некои приказни потекнуваат и од христијанизација особено оние што се однесуваат на демоните и истите понекогаш се среќаваат и во христијанската демонологија. Сите овие приказни се дел од фолклорот на Италија.

Подолу е списокот на ликови кои се дел од италијанскиот фолклот и за кои се раскажувале приказни од кои некои датираат уште од времето на Стариот Рим.

                                     

1. Ликови од народната традицијата

  • Орколат е монструозно битие кое народната традиција покажува го назначува како причина за земјотреси во Фриули.
  • Мајка на Сонцето е фантастично суштество на сардинската традиција. Се користи за да се плашат децата кои не сакате да спијат во текот на летното попладне, кога сонцето било пресилно.
  • Бенанданти се суштества произлезени од паганско-шамански култ поврзан со плодноста на земјата присутни во Фриули околу 16-17 век. Тие биле мали заедници кои се бореле да ги заштитат селата и полиња од злото на вештерки.
  • Маскингана, буквално "господар на измамата", бил легендарнен лик на сардинскиот фолклорот кој уживал да се забавува со луѓето додека спијат будејќи ги во терор.
  • Бефана е старица, честопати насмеана и со торба или вреќа полна со сите деликатеси и подароци за умните деца, но во торбата носи и јаглен за децата кои биле" неумни" во текот на годината. За да се добијат подароците, треба да се напише порака и на прозорецот или под каминот да се закачи чорап. Таа патува јавајќи на метла. Приказната за ликот е многу распространета и добро позната во Италија. Старицата долетува ноќта помеѓу 5-ти и 6 јануари, односно вечерта кога се слави Епифанија Водици. Ова веројатно е најпознатата фигура од народната традиција во Италија. Во некои мали градови фигурата на Бефана се заменува со други натприродни суштества кои носат подароци или јаглен.
  • Марабека е легендарно суштество кое припаѓа на традицијата на Сицилија. Ова битие живее во бунари и веројатно било измислено од мајките за да ги плашат децата кои требало да стојат подалеку од опасностите на бунарот.
  • Марангино е измислен лик во луканскиот фолклор. Митот има заеднички карактеристики со Монакичо и особено е распространет во провинцијата Матера.
  • Џуфа е книжевен лик од народната сицилијанска и еврејско-шпанска усна традиција.
  • Стрего е лик во народната традиција на Гарфањана. За разлика од класичните вештерки и врлоци, кои правеле магии и им носеле зло на луѓето, стрегото се чини имал некакви поамбициозни цели и вообичаено ги игнорирал другите човечки суштества, претпочитајќи собирање во групи заради некакви церемонии кои не се најдобро идентификувани.
  • Црн човек, или бабау поретко бабао, барабао или бобо во фолклорот на Италија и на другите европски региони било замислено чудовиште чии карактеристики не се добро дефинирани и традиционално се повикува за да се плашат децата.
  • Момоти или моботи во традицијата Сардинија е црн човек или орка која ги грабнува децата кои не се однесуваат добро.
  • Дедо Мраз или Свети Никола во италијанската традиција познат како Сан Николо е лик од светскиот фолклор.
  • Петенеда е митско суштество кое припаѓа на традицијата на Сардинија и живее во бунари. Веројатно легендата била измислена од мајките за да ги плашат децата за да стојат подалеку од бунарот.
  • Огарот во фолклорот и во бајките од земјите со европска култура е чудовиште, суров човеколик џин којшто јаде луѓе.
                                     

2. Вештерки

  • Џанари еднин. Џанара се вештерките на Беневенто познати по ужасни злодела.
  • Маска е значајна фигура во фолклорот и народното верување на Пиемонт. Нејзините натприродни моќи се пренесуваат од мајка на ќерка или од баба на внуците.
  • Борда е вид ужасна вештерка со врзани очи. Во мрачни часови и во магливи денови го убива секој оној кој имал несреќа да ја сретне. Тоа е персонификација на стравот поврзан со мочуриштата, езерата и каналите. Ја раскажувале возрасните за да ги исплашат децата и да ги држат настрана од овие опасни места.
  • Маџари, се вештерки на народната култура на Сицилија.
  • Џубијана е тенка вештерка со многу долги нозе и со црвени чорапи. Живее во шумата и благодарение на долгите нозе, никогаш не стапнува на земјата, туку се движи од дрво на дрво. Така ги гледа сите што ќе влезат во шумата ги плаши, особено децата.
  • Коги или брукси, во сардинската традиција се вештерки со лик на старица со моќ да земат било каков облик и димензија, било животински, било растителен или на човек. Биле многу опасни.
  • Пантасема е древна женска фигура поврзана со земјоделските обреди на паганската култура на централна Италија особено присутна во Лацио и Абруцо.
  • Вештерките на Валкамоник кои биле прогонувани помеѓу 16 и 17 век во познатата долина во Бергамо.
  • Басура, вештерка на лигурскиот фолклор чија традиција е распространета особено на Запад и според фолклорот била лоша. Се раскажува дека вештерката живеела во пештерите на Торино кои се нарекуваат Вештерски пештери, италијански: Grotte della Strega. Легендата се развила кога по откривањето на пештерите сите лавиринти биле затворени а ветерот предизвикувал чудни звуци. Басура не сака некој да влегува во нејзините пештери.
                                     

3. Нимфи

  • Џаните се дел од сардинскиот фолклор. Тие живееле во т.н. џанарници италијански: Domus de Janas кои всушност биле гробници издлабени во карпа. Според други легенди, времето го поминувале во ткаење на златни рамки.
  • Ангуана Агана или Лонгана е водена нимфа која припаѓа на алпската митологија, исто така широко распространета во Умбриа за која се зборува и во областа на водопадите на Мармор. Како водена нимфа, таа живее само во свежа вода, како езера, реки, потоци, водопади.
                                     

4. Гоблини

  • Лауру, лаурел или лауриеду е злобно суштество во Саленто. Тоа е елф кој создава страв но не се почитува.
  • Бафардело е гоблин присутни во популарната традиција на провинцијата Лука, а особено Гарфањана. Бафардело е љубопитен ѓаволест гоблин.
  • Њефро е гоблин на популарната култура на градот Терни и Валнерина.
  • Лењело наречен и лењеро, или лењелето е елф или самовила присутна во популарната традиција на Кастели Романи кое има римски корени, а се среќава и во некои грчки или египетски верувања.
  • Мазапегул се ноќни џуџиња.
  • Линчето е елф присутен во популарната традиција на провинцијата Лука но исто така и во Гарфањана.
  • Тума е гоблин со огромен нос, дел од апулијанскиот фолклор.
  • Мудиту е гоблин на популарната култура на Сицилија.
  • Маѕамурело или маџамурело е фантастично суштество на фолклорната традиција на Марке и Абруцо. Припаѓа на руралните традиции на во провинциите Фермо, Мацерата и Асколи Пичено.


                                     

5. Духови

  • Според легендата, Ацурина била ќерка на одреден Уголинучо, господар на Монтебело, во средината на XIV век. Според популарната приказна таа мистериозно исчезнала.
  • Пандаф е дух кој се јавува на сон во традицијата на Абруцо.
  • Гурија е дух во традицијата на Барлета кој живее во куќите и се смета за сопственик на истите. Таа има хуманоидна форма и нејасно лице.
  • Легендата за Бјанка ди Колалто раскажува за некоја млада слугинка која умрела заради љубомората на нејзината господарка.
  • Ограничените духови се митски личности раширени во популарните традиции на североисточната Ломбардија, особено во долините на Бергамо, Вал Камоника и Валтеллина.
                                     

6. Демони

  • Амон е демон честопати именуван во христијанската демонологија, а можеби и именуван по христијанството бидејќи Амон е воедно и име на египетски бог.
  • Крампус е човек со козји лик кој талка по улиците во потрага по "лоши" деца.
  • Сукуба е дух со женскиот изглед кој мами мажи. Се смета дека е инспириранаод божицата Венера која исто така честопати се обидувала да ги заведе мажите.
  • Мајмоне или Мамутоне е божество во митологијата и културата на Сардинија. Со доаѓањето на христијанството, се претворило во демон.
  • Амунтадоре е суштество од сардинската митологија кое ќе ги напаѓа луѓето во сон преку кошмари.
  • Инкубо е дух прикажан со конусна капа на главата. Оној кој пронашол некој од овие духови се здобил со моќ да открие скриени богатства.
                                     

7. Животински суштества

  • Тарантазио е легендарен змеј што ги тероризирал жителите на езерото Герундо во областа Лоди. Се верувало дека голта деца, дека ги крши чамците и неговиот здив предизвикал чудна болест наречена жолта треска.
  • Грифонот, во антиката, бил симбол на божествената моќ и чувар на божественоста. Се користел во средновековното христијанство како симбол на Исус Христос, кој бил човек и божествен.
  • Каладрио или Каландро е бела птица која, според легендата, живеела во кралските градини.
  • Седумглавиот змеј - според една легенда имало змеј со седум глави кои живееле во близина на провинција Бергамо, кој убивал добиток и пиел на вода што ќе обезбеди бесмртност.
  • Тирус е легендарен змеј што ги напаѓал мочуриштата на Терни во 1200 година. Жителите умреле задушени од застрашувачкиот здив што го ослободил чудовиштето. Тогаш еден млад човек од благородното семејство, од германско потекло, отишол да се сретне со ѕверот што бил скриен меѓу мочуришната вегетација, и по жестоката борба го убил, ослободувајќи ги сиромашните граѓани на Терни од смртта.


                                     

8. Магични предмети

  • Книгата на командата италијански: Libro del comando - текстовите за црна магија со опишување на методите за препознавање и разликување на добрите и лошите духови, како и магични формули.
  • Скриксоксиу во сардиниската традиции е ковчег што му припаѓа на духот на починатиот член на семејството.
  • Libro del Cinquecento или Libru do cincucentu е легендарна книга што ќе се чува во Фикара. Легендата вели дека тоа е книга за магија која содржи формули кои можат да ги надминат сите проблеми.
  • Мечот во карпата е магичен меч вграден во карпа. Овој меч се појавува во многу легенди, вклучувајќи го и животот на Сан Галгано 1148-1181.
                                     

9. Други приказни

  • Приказни и легенди од Лунуџана, приказни за духови и фантастични ликови за мистерии и тајни. Голем број легенди кои се раскажуваат од генерација на генерација.
  • Митови и легенди на Сицилија.
  • Св. Ѓорѓи и змејот е легенда позната цела Италија, за витез кој го ослободил регионот од некој страшен змеј.
  • Деновите на косот според традицијата се последните три дена на јануари. Исто така, според традицијата, тие се трите најстудени денови од годината.
  • Митови од Сиракуза се збирка на митовите и легендите кои се преданието уште од античките времиња.
  • Денови на старите според традицијата се последните три дена на март кога се враќа студот. Тие се сметаат за најстудените денови на пролетта.
  • Ѕверот од Кузаго зборува за серија епизоди на напади од диви животни, првично се верувало дека е хиена побегната од циркус, но подоцна се покажал како волк, кон крајот на 11 век.
                                     
  • Швајцарскиот фолклор е збир на локални приказни, прослави и обичаи на алпските и супалпските народи кои живеат во Швајцарија. Швајцарија е составена од
  • Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата
  • најголемиот број живее во Италија, Сан Марино и јужна Швајцарија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик
  • среќата. Во оваа опера доминира мелодијата, со призвук на италијанскиот фолклор Најдобро отсликување на душевните чувства покажува главниот лик Виолета
  • Универзитет на Санкт Петербург По 1938 година, тој претседавал со Одделот за фолклор додека не станал дел од Одделот за руска литература. Проп останал член
  • правата на жените и половата еднаквост и користела слики на традиционални фолклор хероини за да се привлечи и легитимизира Партизанката. Југославија е уникатна
  • студии на Академијата се интересирал за Филозофија, религија, уметност, фолклор Станал истакнат член на движењето на рускиот симболизам, започнал пријателство
  • Апенинскиот Полуостров, многу традиции и обичаи кои сега се признаени како италијански можат да се идентификуваат по нивни области од кои потекнуваат. И покрај
  • ведрина. Во своето творештво користел германски, француски и унгарски фолклор Хајдн се родил во 1732 год. во местото Рорау - австриско село на тромеѓето
  • француски: Cendrillon, германски: Aschenputtel, шпански: Cenicienta, италијански Cenerentola, англиски: Cinderella е позната класична народна сказна
  • Мачорот во чизми италијански Il gatto con gli stivali француски: Le Maître chat ou le Chat botté е европска книжевна бајка за мачка која со лаги
  • Словачка, Романија и Бугарија. Бил в.д. директор на македонскиот Институт за фолклор 1989 - 1992 Работи како научен соработник на Институтот за македонска
  • нарекувани во Франција faie, збор кој потекнува од латинскиот збор fata. На италијански зборот е fata, на португалски е fada, а на шпански hada, со ист латински

Users also searched:

...
...
...