Топ-100
Back

ⓘ Стари јужноарапски јазици. Старите јужноарапски јазици сочинувале подгрупа на семитските јазици. Овие јазици биле сродни помеѓу себе, денес се изумрени и се збо ..




                                     

ⓘ Стари јужноарапски јазици

Старите јужноарапски јазици сочинувале подгрупа на семитските јазици. Овие јазици биле сродни помеѓу себе, денес се изумрени и се зборувале во Јужна Арабија, на Арапскиот Полуостров. Имало повеќе јужноарапски јазици, за кои не постои доволен број докази. Денес еден јазик само останал жив од сите овие стари јужноарапски јазици и тоа е ризихискиот јазик кој се зборува од мала група луѓе во северозападен Јемен. Јазиците имале свое писмо - јужноарапско писмо. Важно е да се напомене дека денешните јужноарапски јазици не се директни потомци на старите јужноарапски јазици, туку тие се потомци на сестрински јазик на древните јазици.

                                     

1. Класификација

Првичните истражувања наведувале или сметале дека сите јазици од оваа група се дијалекти на еден стар јужноарапски јазик. Сепа, во средината на дваесеттиот век Бистон докажал дека всушност станува збор за четири различни, но многу блиски јазици. Првично јазиците биле класифицирани како јужносемитски поради географијата, заедно со современиот арапски, јужноарапските јазици и етиопско-семитските. Според новата класификација старите јужноарапски се сместени во централните семитиски јазици, заедно со арамејски, арапски и угарски со што денешните јужноарапски јазици и етиопско-семитските се оставени во посебна група.

                                     

2. Јазици

Старите јужноарапски јазици биле составени по бројни помали јазици, а следниве што се наведени се зачувани низ текстовите.

  • "псевдосабејски јазик": книжевниот јазик на арапските племиња во Наџран, Харам и Карјат ал Фау
  • доцносабејски јазик: 5- 6 век
  • централносабејски јазик: јазикот на натписите од средишниот дел на Саба
  • старосабејски јазик: од 8 в. п.н.е. до 2 в. п.н.е.
  • јужносабејски јазик: јазикот на натписите од Радман и Химјар
  • сабејски јазик: јазикот на Сабејското Кралство Шеба, а подоцна и на Химјарското Кралство. Јазикот е добро документиран, со над 6000 натписи
  • средносабејски јазик: од 1 в. п.н.е. до 4 век најдокументиран јазик
  • харамитски јазик: јазикот северно од Маин
  • аусански јазик: јазикот на кралството Аусан
  • минејски јазик: јазикот на градовите-држави во Ал Џауф, со исклучок на Харам
  • катабански јазик: јазикот на кралството Катабан, забележан во 5 век п.н.е. до 2 век
  • хадрамаутски јазик: јазикот во регионот Хадрамаут
  • разихиски јазик - единствен жив директен потомок на јазиците
                                     
  • Еритреја. Западни стар јужноарапски јазик изумрен источени јужносемитски јазик етиосемитски јазици Источни: современи јужноарапски јазици се говорат од мал
  • Етиосемитските јазици етиопски или афросемитски јазици се јазична група, која, заедно со стариот јужноарапски ја сочинува западната гранка на јужносемитското

Users also searched:

...