Топ-100
Back

ⓘ Естонски фолклор. Естонскиот фолклор е духовна традиција на естонскиот народ во кој се комбинирани верувањата, знаењата, искуството, традициите и естетиката. То ..




Естонски фолклор
                                     

ⓘ Естонски фолклор

Естонскиот фолклор е духовна традиција на естонскиот народ во кој се комбинирани верувањата, знаењата, искуството, традициите и естетиката. Тој се однесува на народните православни традиции на луѓето од Естонија, и на нивното духовно наследство, вклучувајќи ги народни верувања, обичаите, музика и други. Во традиционални рамки, фолклорот се сфаќа првенствено како традиција во руралното општество. Денешните анегдоти, урбани легенди и така натаму се меѓу неговите посовремените концепти.

                                     

1. Корени

Најраното споменување на естонското пеење датира од Саксо Граматик во неговото дело Дански подвизи латински: Gesta Danorum - околу 1179. Саксо зборува за естонските воини кои пееле ноќе додека ја чекале битката.

Хенрик од Ливонија на почетокот на 13 век ги опишува естонските жртвувања, боговите и духовите.

Во 1578 година, Балтазар Русов опишал како Естонците прославуваат Тајане на Денот на Свети Јован. Во 1644 година, Јохан Гутслаф зборува за почитувањето на светите извори а Џ.В. Боклер ги опишал суеверните верувања на Естонија во 1685 година. Естонскиот фолклор и верувања, вклучувајќи ги и примероците на народни песни, се појавуваат во делото Топографски вести од Лив и Естонија германски: Topographische Nachrichten von Liv- und Estland од Август В. Хупел во 1774-82. Ј.Г. фон Хердер објавил седум естонски народни песни, преведени на германски во неговото дело Народни песни 1778 кое потоа повторно било објавено под наслов: Гласовите на народите во песните, во 1807 година

                                     

2. Собирање на културното наследство

На почетокот на 19 век, во периодот на Просветителството 1750-1840 се зголемил интересот за естонскиот фолклор кај Балтичките Германи. Џ.Х Розенплентер основал списание за студии по естонски јазик, литература и фолклор - Придонеси за подетално познавање на естонскиот јазик германски: Beiträge zur genauern Kenntniss der ehstnischen Sprache. Кристијан Јак Петерсон во 1822 година објавил германски превод на Финска м итологија Mythologia Fennica. Во 1839 година, било создадено Естонското друштво за собирање и проучување на естонскиот фолклор. Водечка фигура во ова здружение бил Фридрих Роберт Фахман кој објавил бројни естонски легенди и митови на германски јазик, засновани на вистински естонски фолклор и финската митологија на Ганандер, "Зора и самрак" Koit ja Hämarik кој се смета за еден од најубавите естонски митови од народно потекло.

Претседателот на Друштвото на естонски литерати, пасторот д-р Јакоб Херт кој го сметале за "крал на естонскиот фолклор" започнал да собира естонски фолклор во 1870-тите. Вкупното собрано народно творештво на Хурт изнесува околу 12400 страници. Инспириран од работата на Хурт, Матијас Џ. Ајзен започнал да собира фолклорна колекција во 1880-те, што резултирало со збирка од 90.000 страници.

                                     

3. Публикации

Фридрих Рејнхолд Кројцвалд започнал да собира естонски фолклор во 1843 година, но тој значително ги изменил приказните. Материјалите собрани првенствено од Вирумаа биле преработени и објавени под насловот Стари приказни за естонскиот народ во 1866 година. Во 1842 година во Талин било основано Друштвотото на естонски литерати. Антологијата на Александар Х. Ноус Естонски народни песни германски: Ehstnische Volkslieder била објавена во 3 тома, во 1850-52 и се смета за прва научна публикација на естонски народни песни. Во неа се вклучени вкупно 1300 песни на естонски јазик и во германски превод.

Два тома народни песни, собрани од Јакоб Хурт, Старата харфа Vana Kannel биле објавени во 1875-76. Уште два тома биле додадени во 1938 и 1941 година. Песните Сетус Setukeste laulud во третата книга биле објавени во 1904-1907 година.

                                     

4. Проучување на фолклорот

Д-р Оскар Калас 1868-1946 на Универзитетот во Хелсинки бил првиот проучувач на естонскио фолклор. По основањето на Република Естонија Валтер Андерсон бил назначен за претседател на новоформираната катедра за фолклор на Универзитетот во Тарту. Најзначајни студенти на Андерсон биле Оскар Лориц и Август Анист.

Естонскиот фолклорен архив бил основан во 1927 година а негов директор бил Оскар Лориц. Поле на проучување на Лориц била народната религија и митологија и проучувањето на естонските, ливонските и руските народни верувања. Неговото најмонументално дело Основи на народното верување на Естонија било објавено во 1949-1957 година во Копенхаген. Арво Крикман и Ингрид Сарв ја собрале естонската колекција на естонски поговорки Естонски поговорки 1980-1988.

                                     
  • паганизам Балтички паганизам Фински паганизам Естонски паганизам Вајнашки паганизам Поврзано: Фолклор Покрај тоа, фолклорот што веќе не е перцепиран
  • February 2012. Kormoraniküttidel läheb hästi. Hiiu Leht, 4 - 13 - 2012. естонски Snow & Perrins 1998. sfn error: no target: CITEREFSnowPerrins1998 help
  • Publishing International, Inc. стр. 43. ISBN 1 - 58923 - 115 - 5. Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 7 - 9. Суфиски приказни

Users also searched:

...
...
...