Топ-100
Back

ⓘ Фински фолклор. Фолклорот на Финска се однесува на традиционалните и народни практики, технологии, верувања, знаење, ставови и навики во Финска. Финската народн ..




Фински фолклор
                                     

ⓘ Фински фолклор

Фолклорот на Финска се однесува на традиционалните и народни практики, технологии, верувања, знаење, ставови и навики во Финска. Финската народна традиција, односно фолклор вклучува широк обем на финската традиционална народна култура, вклучително, руралните традиции.

Според познатиот есеј на Алан Данди, фолклорот вклучува барем народни приказни и други вербални традиции, музика, традиционални предмети и згради, религија и верувања, како и кулинарска традиција.

                                     

1.1. Народите во Финска Јазик

Луѓето кои зборуваа фински се нарекуваат Финци но тие вклучуваат и субкултура на Финци кои зборуваат шведски јазик. Финскиот јазик не е индоевропски јазик и припаѓа на уралското семејство на јазици. Финците традиционално се поделени на подгрупи heimo според дијалектот, но овие групи имаат само мало значење поради урбанизацијата на 20 век и поради внатрешната миграција.

                                     

1.2. Народите во Финска Старо верување

Религијата започнала како паганство, митологија и магија. Традициите биле делумно домородни, но и под влијание на балтичкото и нордиското паганство. Магиското пеење и обожувањето на мечката се карактеристични обележја на старата религија. Пред христијанизација во 11 век, финскиот паганизам бил основната религија. Финците се блиски до природата и земјоделските корени се вградени во руралниот животен стил. Финците, исто така ја вреднуваат традицијата и се идентификуваат по етничка припадност или клан.

                                     

1.3. Народите во Финска Субкултури

Субкултурите биле дел од финската историја. Најголемата субкултура се Финците кои зборуваат шведски. Во

Лапландскиот регион на север, Лапонија живее населението Сами Лапонци. До околу 1500 година, Самите биле главно рибари и трапери, со номадски животен стил. Тие традиционално ги организираат своите општества поинаку од Финците поради нивниот номадски начин на живот. Нивниот мајчин јазик не е фински, туку е еден од трите лапонски јазици што се зборуваат во Финска.

                                     

2. Усна поетска традиција

Усната традиција се пренесувала од генерација на генерација. Таа вклучува бајки, народна мудрост, поговорки и поезија. Поезијата во "Калевала" е лесна да се запомни поради нејзината метрика, повторливите делови и алитерација.

Собирањето народна поезија, почнувајќи од 19 век, резултирало со најголема светска поетска архива, чија картотека брои околу 2.2 милиони записи. Овие собрани збирки биле финансирани од Финското литературно друштво кое меѓу другите, ги спонзорирала и десетте патувања на собирачот Елиас Ленрот. Тој ги уредувал песните и со другите ги собрал во националниот еп Калевала и Кантелетар и објавил збирки фински бајки и загатки.

                                     

3. Народна музика и танци

Голем дел од народната музиката на Финска е под влијание на традиционалните карелијански мелодии и текстови, како оние во Калевала. Карелијанската култура се смета за најчистиот израз на финските митови и верувања, малку под германско влијание. Финската народна музика имала коренито заживување во последните неколку децении дотолку што станува дел од популарната музика, како примерот на групата Вартина.

Лапонската музика е застапена во северна Финска, Шведска и Норвешка. Лапонците се познати првенствено по високо духовните песни наречени јојк.

                                     

4. Фолклорни фигури

Јулупуки е финска божиќна фигура. Името буквално значи "Божикна коза". Од овој стар скандинавски обичај фигурата на крајот станала повеќе или помалку поврзана со Дедо Мраз

                                     
  • од Александар Шаронов напишана врз основа на мордовската митологија и фолклор Била објавена во 1994 година на ерзјански јазик. Епот Мастораве е типолошки
  • старите поеми на Карелија од древните времиња на финскиот народ фински Kalevala - фински епос напишан во 19 век од Елијас Ленрoт врз основа на фолклорот
  • правата на жените и половата еднаквост и користела слики на традиционални фолклор хероини за да се привлечи и легитимизира Партизанката. Југославија е уникатна
  • движења потекнуваат од учењата на друидите, од германскиот и словенскиот фолклор Бидејќи термините паган и паганство биле создадени од авраамска гледна

Users also searched:

международные фольклорные фестивали 2020, онлайн конкурсы фольклор,

...
...
...