Топ-100
Back

ⓘ Сообраќај во Естонија. Република Естонија се наоѓа на крајниот исток од Европската Унија, поради што сообраќајот на земјата се потпира на врските со Унијата од ..




Сообраќај во Естонија
                                     

ⓘ Сообраќај во Естонија

Република Естонија се наоѓа на крајниот исток од Европската Унија, поради што сообраќајот на земјата се потпира на врските со Унијата од западната страна и со земјите на исток од неа и тоа најмногу со Русија. Сето ова придонесува за развојот на патниот сообраќај во земјата, посебно на морскиот сообраќај, благодарение на долгото балтичко крајбрежје на Естонија.

Естонија има добро развиен патен, железнички, воздушен и воден сообраќај. Главниот транспортен јазол во земјата е главниот град Талин.

                                     

1. Железнички сообраќај

Главното железничко претпријатие во Естонија е Естонски железници, кое е во сопственост на државата.

Вкупната должина на железничката мрежа во Естонија изнесува околу 1200 км, од кои 133 км се електрифицирани. Поголемиот дел од железничките пруги во Естонија, како и во сите други републики од поранешниот Советски Сојуз, имаат поширок колосек 1524 mm од стандарната ширина која изнесува 1435 mm. Ова се однесува посебено на најважните делови од железничките пруги во Естонија, кои започнуваат во Талин, и одат кон следните насоки:

  • кон исток - Нарва, Русија Санкт Петербург
  • кон југоисток - Тарту, Русија Псков
  • кон југ - Вилјанди, Латвија Рига
  • кон југозапад - Хапсалу, Пјарн

Главниот град Талин има трамвајски сообраќај, и сообраќај со градска надземна железница.

Железничка врска со соседните земји:

  • Латвија - да
  • Русија - да

Во поново време се прават планови за изградба на подводна железничка врска под Финскиот Залив, помеѓу Естонија и Финска, слично на тунелот Ламанш, со тоа што овој тунел би требало да биде подолг. Поради потреба од многу високи вложувања плановите се одложени за во иднина.

                                     

2. Патен сообраќај

Вкупната должина на патиштата во Естонија изнесува 57.565 км, од кои поплочени се 12.926 км. Вистински автопат не постои, но современи сообраќајници со четири ленти постојат на приодот кон главниот град Талин, во должина од 75 км. Сепак изградбата на современи сообраќајници е интензивна, особено кон земјите на Европската Унија. Најважниот патен правец во земјата е Балтичкиот пат, кој всушност е Европскиот коридор E67.

Најважните патишта во Естонија се:

  • Талин - Рапла - Вилјанди - граница со Латвија, дел е од Балтичкиот пат
  • Талин - Пајде - Тарту - граница со Русија кон Псков и Москва
  • Талин - Пјарну - граница со Латвија
  • Талин - Раквере - Нарва - граница со Русија кон Санкт Петербург
                                     

3. Воден сообраќај

Естонија е приморска земја, и има долго крајбрежје на Балтичко Море. Во Естонија постојат неколку важни морски пристаништа, од кои најважно е во главниот град Талин. Другите важни пристаништа се Пјарну, Палдиски и Хапсалу. Трговската морнарица е значајна по својот обем. Во државата постојат и големи поморски компанија, како на пример Талинка.

Пловни патишта во внатрешноста на Естонија се транспортите по езерата и пловните делови од реките. Нивното значење е помало, бидејќи реките се помали и доста плитки, а во текот на зимскиот период најчесто се замрзнати. Најголемото езеро Пејпус се наоѓа на граница со Русија.

                                     

4. Воздушен сообраќај

Во Естонија има неколку авиокомпании, од кои е најпозна Естонијан Ер. Во државата постојат 5 официјални аеродроми со поплочана подлога и сите се со IATA код IATA Airport Code. Постојат три аеродроми на островите, кои се важни главни врски на островите со копнениот дел на Естонија. Меѓународно значење имаат два аеродроми:

  • Аеродромот Уленурме во Tарту - ТАУ
  • Аеродромот Улемисте во Талин - TLL

Најголемиот и најзначаен аеродром во земјата е аеродромот Улемисте во Талин, кој е на само 4 км од центарот на градот.

                                     
  • патници во меѓународниот сообраќај заостанува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965. Внуково е пуштен во употреба во 1941 поради
  • кога се одредени главните правци на железничкиот сообраќај Во 1862 година пуштена е во сообраќај првата железничка пруга низ Загреб, која местото Ѕидан
  • пловила до Шведска, Естонија и континентална Финска. Балтичките патнички пловила често застануваат во Мариехамн бидејќи Оланд не членуа во царинскиот сојуз
  • текот на зимата, а постојано задолжителни се во следниве земји нецелосен список Австрија, Данска, Естонија Исланд, Италија, Кипар, Летонија, Литванија
  • Канал, САД, Финска 1520 мм - Азербејџан, Белорусија, Грузија, Ерменија, Естонија Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Монголија, Полска
  • зајакнат домашен кредибилитет, во која квалитетно ќе се образува кадар за претпријатија од областа на патниот сообраќај квалитетно ќе се преквалификуваат
  • правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија 400 километри североисточно од Стокхолм
  • Британија од 1977 г. Звејндрехт, Холандија од 1981 г. Кохтла - Јарве, Естонија од 1989 г. Армин фон Геркан 1881 1969 - археолог Ернст Бадер 1914 1999
  • градот е познат по тоа што во поголемиот дел од градот е забранет автомобилскиот сообраќај Пред Втората светска војна, во Сан Марино се изградила железничка
  • Вестра Хамен западно пристаниште Во 2005 г. започната е градбата на Сититунел, подземниот тунел за железнички сообраќај кој ја подобрил комуникацијата со
  • Гибралтарски Проток и на Суецки Канал се одвива најмасовен поморски сообраќај во светот. Оддалеченоста од Африка е 14 км кај Гибралтар и 140 км кај Сицилија
  • парламентите на балтичките држави, имено Република Естонија Летонија и Литванија. Организацијата беше испланирана во Вилнус на 1 декември 1990 година, и трите земји

Users also searched:

...
...
...