Топ-100
Back

ⓘ Меѓата на светот - збирка со куси раскази на македонскиот писател Митко Маџунков. Првобитно, книгата била објавена на српски јазик, во 1984 година, од издавачка ..




                                     

ⓘ Меѓата на светот

Меѓата на светот - збирка со куси раскази на македонскиот писател Митко Маџунков. Првобитно, книгата била објавена на српски јазик, во 1984 година, од издавачката куќа "Просвета" од Белград, во рамките на библиотеката "Современа проза", а следната година била објавена на македонски јазик во издание на "Наша книга" од Скопје, како дел од едицијата "Македонска книжевност".

Македонското издание е печатено во печатницата "Нова книга" во Скопје, во тираж од 2.000 примероци, а издавањето на книгата било финансиски помогнато од Републичката заедница на културата. Ликовно-графичкото уредување го направил Томислав Филипов, а книгата е каталогизирана во НУБ "Климент Охридски" - Скопје. Книгата се состои од еден прозен текст наместо пролог, девет циклуси и епилог:

  • Игра, со расказите: "Потонат свет", "Жртва", "Игра", "Избор", "Засолниште", "Загуба", "Поплава", "Бродолом", "Подземје", "Заточеници на плажата", "Сламка", "Решение", "Куќа", "Затвореник", "Пропаст", "Одбрана", "Цикличниот од на историјата" и "Болница".
  • Идеална домаќинка, со расказите: "Посета", "Нова Година", "Мед", "Чергари", "Одмазда", "Идеална домаќинка", "Перверзни малограѓани", "Стан", "Капење", "Гостин", "Летување", "Револуционери на ваканција" и "Идила".
  • Пресоздавање, со расказите: "Тајна", "Мртовец", "Секцирање", "Другар", "Гробница", "Самоубиство", "Покојникот и неговата сенка", "Дедо", "Промена", "Разделба", "Пресоздавање" и "Колиба".
  • Пред вечноста, со расказите: "Летач", "Создавање", "Море", "Плажа", "Природа", "Заборав", "Патување", "Пророштво", "Бесмртност", "Риба", "Пред вечноста", "Друг свет", "Криволак" и "Утопија".
  • "Девет слики" место Пролог
  • Епилог, со расказот "Заминување".
  • Предел, со расказите: "Јајце", "Возење", "Фалусоидниот питон", "Миг", "Средовечни жени", "Кино", "Дождлива година", "Митинг на поезијата", "Љубомора", "Преспат", "Играчки - плачки", "Оган", "Парк", "Развод", "Љубов во два брана", "Предел" и "Меѓата на светот".
  • Завештание, со расказите: "Стрелец", "Езеро", "Созвучје", "Кошмар", "Живи стихови", "Визија", "Бања", "Лимонот на Хемингвеј", "Сон и јаве", "Убавицата и уметникот", "Црна кутија", "Писмо", "Бегството и повторното раѓање на зографот", "Завештание" и "Изгубено сеќавање".
  • Семеен албум, со расказите: "Раѓање", "Отворање на пупката", "Семеен албум", "Час", "Пламен", "Камчиња", "Пат", "Пречек", "Вечер", "Син", "Тешкотии", "Клуч", "Роденден" и "Градба".
  • Ловци, со расказите: "Фотографија", "Ловци", "Хеликоптер", "Мравки", "Племе", "Кафез", "Купони", "Племето смели кокошки", "Грешка", "Испит" и "Благодарност".
  • Алхемија, со расказите: "Куќата на лудаците", "Лица", "Ѕвере", "Паралелни ленти", "Пријатели", "Демонстрации", "Алхемија", "Просветлување", "Пирамида", "Водач", "Градина", "Чудо", "Дидактика", "Прогрес" и "Катаклизма".