Топ-100
Back

ⓘ Стојна ситноода: Лирски народни песни од Охридско - книга на Блаже Тренески со лирска народна поезија од охридскиот крај. Книгата е објавена во 1981 година од и ..




                                     

ⓘ Стојна ситноода

Стојна ситноода: Лирски народни песни од Охридско - книга на Блаже Тренески со лирска народна поезија од охридскиот крај. Книгата е објавена во 1981 година од издавачката куќа НИО "Студентски збор" од Скопје, а во рамките на библиотеката "Културно наследство".

                                     

1. Содржина

Збирката содржи 170 лирски народни песни, групирани во десет циклуси:

  • Постани потклекни Станке марушанке
  • Добре дошле китени сватои
  • Што ми лее и белее
  • Поткачила се Драгина на сувар дрво да кршит
  • Гајтано моме Гајтано, гајтан ти веѓи на чело
  • Ајде да Стојно ајде да, ајде да стадо мешаме
  • Под Битола ливада
  • Ор неесто Ејке ле Пејке
  • Маја се толчит
  • Свекрво мори свекрво наполни табла дарови
                                     

2. Осврт кон книгата

Книгата содржи 155 страници и не е каталогизирана. Таа била испечатена во печатницата "Киро Дандаро" во Битола, во тираж од 1.000 примероци, а печатењето било финансирано од Републичката заедница на културата на СР Македонија. Автор на корицата е Слободан Пупиновски. Во книгата доминираат љубовните и семејните песни, а помалку се застапени трудовите и хумористичните песни. Во својата рецензија, Томе Саздов истакнал дека собраните материјали претставуваат нов и драгоцен придонес во зачувувањето на макеоднската народна песна. Песните се мошне коректно запишани и добро подредени, а собирачот ги соопштува и изворите од кои потекнуваат песните.