Топ-100
Back

ⓘ Сокол ми лета високо, книга. Сокол ми лета високо - книга на Ѓорѓи Доневски со револуционерна и лирска народна поезија од Егејска Македонијаскиот крај. Книгата ..




                                     

ⓘ Сокол ми лета високо (книга)

Сокол ми лета високо - книга на Ѓорѓи Доневски со револуционерна и лирска народна поезија од Егејска Македонијаскиот крај. Книгата е објавена во 1978 година од Културно-уметничкото друштво "Гоце Делчев".

                                     

1. Осврт кон книгата

Книгата содржи 192 страници и не е каталогизирана. Таа била испечатена во печатницата на НИП "Нова Македонија" во Скопје, во тираж од 3.000 примероци, а печатењето било финансирано од Републичката заедница на културата на СР Македонија, СИЗ за култура на град Скопје, ООЗТ Печатница при РО "Нова Македонија" и Заедницата за научните дејности - Скопје. Автор на корицата е Ставре Димитров, песните ги мелографирал Живко Фирфов, а калиографијата е дело на Ганчо Пајтонџиев. Доневски ги снимил песните во текот на 1971-1973 година, а нив ги испеале: Лета Манева Барџиева, Доста Доневска, Коста Манов и Мара Марковска од Бапчор, Панте Бранов од Буф, Тина Ташева и Марија Гацева од Тресино, Васка Кланџева од Дреновени, Лефтерија Шанковска од Саракиново, Ристо Јовановски од Неготино и женската пејачка група "Костурчанки". Во својата рецензија, Кирил Пенушлиски истакнува дека собраните материјали претставуваат придонес за македонското творештво и фолклористика и дека збирката отвора нови видици за народното творештво од регионите кои се помалку застапени во објавените песни. Слично, и другиот рецензент, Ѓорѓи Смокварски, вели дека, од етномузиколошка смисла, збирката претставува посебен придонес во откривањето на македонската фолклорно-музичка традиција од Егејска Македонија. Притоа, регионалната хетерогеност не ја нарушува стилската чистота и хомогеност. Приредувачот на збирката соопштува дека сите песни во збирката биле снимени и испеани од групите "Бапчорки", "Воденки" и "Костурчанки" во Радио Скопје.