Топ-100
Back

ⓘ Името на розата. Шестиот ден: За време на една богослужба, Малахија паѓа мртов, а Вилијам утврдува дека и тој има црн јазик. Од стакларот Никола, Вилијам дознав ..




                                     

ⓘ Името на розата

Шестиот ден: За време на една богослужба, Малахија паѓа мртов, а Вилијам утврдува дека и тој има црн јазик. Од стакларот Никола, Вилијам дознава за сплетките што се случувале во манастирот во минатото, за незадоволството на италијанските калуѓери од изборите на библиотекарите и за тоа како Абоне станал опат. Така, тој сфаќа дека убиствата на калуѓерите не се поврзани само со чудната книга, туку имаат подлабока заднина. Од каталогот на книгите Вилијам го реконструира редоследот на библиотекарите во минатото и тоа му дава идеја за причините за убиствата. Вилијам разговара со опатот, кој бара од него да ја прекине истрагата и да го напушти манастирот. Со помош на Адсон, Вилијам конечо успева да ја открие шифрата со која би можел да влезе во finis Africae, тајната соба во библиотеката во која се чуваат забранетите книги. Седмиот ден: Вилијам и Адсон влегуваат во тајната соба каде го затекнуваат слепиот калуѓер Хорхе. Во разговорот со него дознаваат дека опатот побарал од него да му ...

                                     

1. Главни ликови

  • Хорхе: Слепиот калуѓер Хорхе претставува сива еминенција во библиотеката, самонаречен носител на вистината и доброволно ја презема улогата на оружје во рацете на наводната божја промисла, која е таква само според името. Тој предизвикува низа крвави настани, но не е способен со нив да управува според својата намера - настаните во опатијата да ги прикаже како остварување на Откровението.
  • Вилијам од Баскервил: Главниот јунак во романот е еден вид детектив-интелектуалец, но истовремено и човек на своето време. Тој е припадник на демократскиот калуѓерски ред, следбеник на Роџер Бекон, претходникот на експерименталниот метод во науката. Заглавен во две паралелни дејства, од кои едното непосредно е поврзано со актуелната политичка стварност, а другото претставува предизвик за неговата рационалност, интелектуалната совест го принудува Вилијам од Баскервил, од една страна, да се стави во служба на "левите" идеи чиј застапник е и тој самиот, а од друга страна, да се наоружа со семиолошка присебност за да не им подлегне на разните доктринарни стапици. Дејствувајќи во бурно историско време, тој не може да се откаже од ангажманот, но повеќе е заинтересиран да ја покаже моќта на разумот, дури и на еден криминалистички случај кој има споредно значење.
                                     

2. Осврт кон романот

Философско-криминалистичкиот роман "Името на розата" е првото белетристичко дело на Умберто Еко, објавено по дваесетгодишна научна и публицистичка работа во областа на средновековната историја, лингвистиката, естетиката, семиотиката, социологијата и книжевната критика. Објаснувајќи го мотивот за пишувањето на романот, во еден разговор Еко изјавил: "Она за кое не може да се теоретизира, треба да се напише." Во романот Еко го употребил своето долгогодишно истражувачко искуство, но избраната форма на романот и применетата раскажувачка постапка претставуваат изненадување, зашто тие веќе биле отфрлени од страна на новата италијанска авангарда, чиј сопатник бил и самиот Еко. Имено, романот се одликува со Аристотеловското единство, праволиниска фабуларна композиција, затворена и цврста структура врамена зад обидот авторот да се скрие зад другите раскажувачи, монолитност на ликовите и доследна фикционалност, т.е. сите карактеристики кои италијанската авангарда ги прогласила за забавувачки, потрошувачки и реакционерни.

Иако романот се одвива во Средниот век, тој не претставува бегство од сегашноста, ниту пак културен туризам, како што се изразил еден рецензент. Употребата на светите топоси, книжевните клишеи и деловите од другите текстови не е самоволно составување patchwork ни едноставно чествување на традицијата, од Библијата, Аристотел, Августин и Тома Аквински преку Шекспир и Волтер до Артур Конан Дојл, Пруст, Борхес и Витгенштајн. Оттука, ова дело е отворено кон читателот и, во зависност од неговата способност за рецепција, четивото може да се прими на повеќе начини - од буквален регистер до целосен увид во интенционалноста на интертекстуалната манипулација со дијахронијата. На почетокот, авторот го претставува животниот тек на ракописот, кој на читателот му се нуди од четврта рака: имено, авторот романописецот Еко како божемен пронаоѓач на ракописот прави свои белешки врз основа на преводот или преработката што ја направил опатот Валета во 19 век, кој се послужил со текстот со кој ерудитот Мабилон од 17 век го пренесува записот на калуѓерот Адсон од Мелк од крајот на 14 век. На тој начин, оваа тројна рамка ја обезбедува фиктивната "автентичност" на средновековната приказна и истовремено го изразува сомнежот во однос на нејзината веродостојност. Во продолжение, оваа рамка е во согласност со постмодернистичкото откритие дека книгите не зборуваат само за нештата, туку и за другите книги. Така, крајниот резултат е плод на разговорот меѓу книгите низ кој средновековната хроника добила облик на нововековен роман, а нејзиниот стил се стопил со новинарскиот израз од XX век.

Основата на композицијата на романот во себе ги обединува уверливата архитектонска разработка, мрачната атмосфера од англискиот неоготски роман и опсесивниот мотив на нашето време: библиотеката-лавиринт. Притоа, додека втората компонента, по дефиниција извира од нашиот однос кон готиката и е срасната со нашата претстава за предметот, третата компонента лавиринтот ја надминува својата вредност како спој меѓу две епохи. Таа е раскрсница на мистичното иницијациско искушение на замрсениот пат кон вистината и разгранување на метафизичката енигма во која се заплеткува разумот на современиот одгатнувач на знаците. Во една статија посветена на овој роман, самиот Еко го дефинира лавиринтот како апстрактен модел на хипотетичноста, кој го исцртува секој тек на расудување. На книжевен план, таквата мрежа на претпоставки најдобро се остварува во истрагата која е својствена на криминалистичкиот роман. Оттука, воопшто не е случајно тоа што главниот лик во романот се вика Вилијам од Баскервил, како нескриена алузија на романот на Артур Конан Дојл, "Баскервилскиот пес", додека името на неговиот ученик со помош на асонанца потсетува на соработникот на Шерлок Холмс.

Основната теза во романот е дека декодификацијата на светот бара интердисциплинарно знаење и дека разумот е несовршено, но единственото средство што му стои на располагање на човекот. Притоа, разумот ги користи поединечните, дури и случајни нагаѓања за да се искачи до некакво објаснување на проблемите. Во тој контекст, секоја вистина е привремена и има смисла само додека служи во искачувањето, а станува безвредна, лажна и опасна ако се прогласи за врховен закон што арбитрира во името на сопственото име-етикета. Криминалистичката предлошка на романот ги изневерува класичните барања, зашто на крајот, вистината се открива случајно, по грешка. Меѓутоа, поразот на разумот е само привремен, исто како и откриената вистина: во моментот кога кулминацијата на истрагата се открива само како сплет на случајни околности, решавањето на проблемот добива карактер на метафизички судир меѓу две спротивни сфаќања на традицијата, едно конзервативно, а другото творечко и активно. На крајот, библиотеката, сфатена како бастион на знаењето, се уништува себеси, но пожарот ги уништува само знаците на знаците, т.е. само имињата, но вистината, ако воопшто постои, ќе си го пробие патот без оглед на имињата.