Топ-100
Back

ⓘ Раде Угриновски. На 27 април 1943 година, Раде Угриновски и останати борци на Мавровскиот партизански одред во нивната акција за собирање на активисти и војни р ..




Раде Угриновски
                                     

ⓘ Раде Угриновски

На 27 април 1943 година, Раде Угриновски и останати борци на Мавровскиот партизански одред во нивната акција за собирање на активисти и војни ресурси во Папрадно Ново Село биле нападнати од страна на балистичките сили на Џемо Хаса кој знаејќи дека војниците биле тука најверојатно војниците биле издадени од страна на предавник од Ново Село формирале круг окулу селото ги нападнале војниците од сите страни. Во таа престрелка, Раде Угриновски заедно со останати девет соборци бил заробен од страна на непријателските сили, тој бил пренесен во затворот во близина на градот каде престојувал неколку дена, а потоа бил пренесен во Тирана каде што бил измачуван со цел да ги предаде соборците. За време на нивното престојување во Тиранскиот затвор, на семејствата на заробените борци им бил испратен ултиматум според кој семејствата можат да ги ослободат своите заробени членови на семејството доколку биде испратена одредена сума на злато до Тиранскиот затвор каде биле сместени заробениците од Ново Село. Селаните на Маврово успеал да ја соберат одредената сума на злато на точно време и ја испратиле по некој патник од селото кој одел за Тирана, но наместо да ги одплатуи заробениците, патникот ги украл парите ги употребил за лични потреби и побегнал. Па затоа на 17 мај 1943 на Раде Угриновски му било пресудено бесење. Во дворот на Тиранскиот затвор одбивајќи да прими цигара од својот Џелат извикувајќи партизански пароли, Раде Угриновски сам се фрлил на бесилката.

                                     
  • Велјановски десетмина биле заробени Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Христо Оџаклиевски, Злате Малаковски
  • Велјановски десетмина биле заробени: Душко Поповиќ, Илија Антевски - Смок, Раде Угриновски Драге Тодоровски, Трифко Андоновски, Ристо Оџаклиевски, Злате Малаковски

Users also searched:

...