Топ-100
Back

ⓘ Карипска Холандија - збирен назив за гтри посебни општини на Холандија во Карипското Море, опфаќајќи ги островите Бонер, Свети Евстахиј и Саба, иако поимот поне ..




Карипска Холандија
                                     

ⓘ Карипска Холандија

Карипска Холандија - збирен назив за гтри посебни општини на Холандија во Карипското Море, опфаќајќи ги островите Бонер, Свети Евстахиј и Саба, иако поимот понекогаш се однесува на сите острови на Холандските Кариби. Денес островите се водат како јавни тела на Холандија во службена смисла и имаат статус прекуморска територија на Европската Унија, иако не се дел од неа. Во законодавството го носат и името острови БЕС, што е акроним од нивните имиња.

Бонер закл. со островчето Мал Бонер е еден од Заветрените Антили, недалеку од брегот на Венецуела. Свети Евстахиј и Саба се главни во групата Мали Антили и лежат јужно од Свети Мартин, а северозападно од Свети Китс и Невис.

                                     

1. Правен статус

Трите острови го добиле тековниот статус со распуштањето на Холандските Антили на 10 октомври 2010 г. Истовремено, Курасао и Свети Мартин станале автономни земји landen во состав на Кралството Холандија. Со таков статус се стекнал и островот Аруба, исто така во Карибите. Поимот "Холандски Кариби" правно се однесува само на трите општини, но неслужбено се користи за сите карипски острови на Кралството Холандија. Општините зафаќаат вкупна површина од 328 км 2 и заеднички имаат 25.019 жители.

                                     

2. Управа

Посебните општини bijzondere gemeenten имаат слични надлежности како општините во самата Холандија. Извршната власт ја има Управниот совет, на чие чело стои Островски управни. Граѓаните имаат свои претставници во Островскиот совет во месните работи, а воедно имаат право да гласаат на холандските и на европските избори.

Во службена смисла, островите во холандскиот закон се "јавни тела" openbare lichamen, а не општини gemeenten. За разлика од обичните општини, тие не се дел од ниедна покраина; покраинските надлежности се поделени помеѓу островските управи и холандската влада, односно Државната служба за Карипска Холандија, и затоа овие општини важат за "посебни".

Многу холандски закони имаат свои верзии што важат во Карипска Холандија. На пример, социјалната заштита не е на истото ниво како во европскиот дел на државата.

                                     

2.1. Управа Државна служба

Државната служба за Карипска Холандија Rijksdienst Caribisch Nederland е задолжена за даночната политика, јавниот ред, доселеништвото, сообраќајната инфраструктура, здравството, образованието и социјалата на островите ги пружа тие услуги во име на Владата на Холандија. Орган е создаден во 2008 г. како Центар на регионалните служби, а денешниот облик го добил со промената на статусот на 1 септември 2010 г. Државната влада на островите ја застапува Претставник, чија улога е слична на Кралскиот комесар.

                                     

3. Географија

Карипска Холандија географски ѝ припаѓа на островската група Мали Антили. Во состав на групата:

  • Бонер е еден од островите АБЦ на веригата Заветрени Антили во соседство на венецуелскиот брег. Заетрените Антили се од мешано вулканско-корално потекло.
  • Саба и Свети Евстахиј се во склоп на островите ССС од групата Приветрени Острови. Лежат источно од Порторико и Девствените Острови. Приветрените Острови се од исклучиво вулканско потекло, со ридест терен, и мошне малку обработливо земјиште. Највисока точка е планината Синери на Саба, која со своите 887 м е највисокото место целото Кралство Холандија.

Клима

Островите на Карипска Холандија се одликуваат со тропска клима и топло време преку целата година. Заветрените Острови се потопли и посуви од Приветрените. Лете знаат да се јавуваат урагани.

                                     

4. Currency

Сè 1 јануари 2011 г. на островите се користел холандскоантилскиот гилдер, кога е усвоен американскиот долар, иако валутата во матичната земја е еврото. За разлика од нив, останатите острови од поранешните Холандски Антили - Курасао и Свети Мартин - го употребуваат карипскиот гилдер.