Топ-100
Back

ⓘ Свет - планетата Земја и сиот живи битија на неа, вклучувајќи ја човечката цивилизација. Во поширока смисла, под поимот се подразбира целата материјална стварно ..




                                               

Арда

Поимот Арда може да означува: Арда, свет во творештвото на Џ. Р. Р. Толкин. Арда, река во Италија; Арда, река во јужна Бугарија и североисточна Грција; Арда, село во Бугариија; Арда, река во Португалија;

                                               

Меѓународна награда за мир за деца

Меѓународната награда за мир за деца се доделува секоја година на дете кое дало значаен придонес во застапувањето на правата на децата и подобрувањето на состојбата на децата од ранливи категории, како што се сирачиња, деца-работници и деца со ХИВ/СИДА. Наградата е иницијатива на Марк Дулаерт, основач на Фондацијата "KidsRights", меѓународна организација за помош и застапување на деца со седиште во Амстердам, Холандија. Победникот добива донација од 100.000 евра за корист на добротворен проект за деца, како и статуетка која е именувана како Нкоси во чест на Нкоси Џонсон. Статуетката е од д ...

                                               

Биосферен резерват Чамела-Куиксама

Биосферен резерват Чамела-Куиксама - природен резерват на пацифичкиот брег на мексиканската држава Халиско. Паркот е основан во 1993 година и зафаќа 131.42 квадратни километри во општината Ла Хуерта. Земјата е планинска и содржи сува тропска шума и ридови и алувијални рамнини.

                                               

Легетово неравенство

Легетовите неравенства, именувана по Ентони Џејмс Легет кој ги извел ― поврзани парови на математички изрази што се однесуваат на корелациите на својствата на заплетканите честички. Тие се исполнети со голема класа на физички теории засновани врз посебни нелокални и реални претпоставки, кои може да се сметаат за веродостојни или интуитивни според вообичаеното физичко расудување. Легетовите неравенства се нарушени со квантна механичка теорија. Резултатите од опитните тестови во 2007 и 2010 година покажале согласност со квантната механика отколку со легетовите неравенства. Со оглед на тоа шт ...

                                               

Протезилај

Протесилај или Протезилај - јунак во старогрчката митологија, првиот грчки воин кој бил убиен под ѕидините на Троја. Тој бил син на Ификло и Астиоха и брат на Подарг. Кога погинал во Тројанската војна, неговата жена Лаодамија ги замолила боговите да ѝ дозволат само три часа да поразговара со мртвиот сопруг. Боговите ѝ дозволиле и Хермес го вратил Протесилеј од светот на мртвите. Кога изминало предвиденото време и Протесилеј морал да се врати во подземниот свет, со него отишла и неговата верна жена.

                                               

Голем песочен биосферен резерват

Голем песочен биосферен резерват - биосферен резерват во австралиската држава Квинсленд кој се наоѓа на копнени и крајбрежни води поврзани со локалните локални власти во регионот на брегот Фрејзер и регионот на фимпи и островот Фрејзер, и со заливот познат како заливот Херви. Биосферниот резерват бил опишан од УНЕСКО во 2016 година како: Големиот песочен биосферен резерват се наоѓа во југоисточниот биорегион на Квинсленд во источна Австралија. Познат по своето културно и еколошко значење, резерватот ги содржи Големиот песочен теснец, мочуриште на списокот на Рамсар и островот Фрејзер, свет ...

                                               

Национален парк Лагуна Сан Рафаел

Национален парк Лагуна Сан Рафаел е парк лоциран на пацифичкиот брег на јужниот дел на Чиле. Паркот е именуван по лагуната Сан Рафаел, формирана со повлекувањето на ледникот Сан Рафаел. Создадено во 1959 година, зафаќа површина од 17.420 километри и го вклучува ледното поле Северна Патагонија. Фјорд е повеќе од 16 километри долга, и е една од главните атракции на паркот.

                                               

Ана Чоловиќ Лешоска

Ана Чоловиќ Лешоска - македонски биолог, кој од 2011 година води кампања против изградба на брани за производство на хидроелектрична енергија во Националниот парк Маврово, со цел да се заштитат загрозените видови, вклучително и балканскиот рис. Ова довело до повлекување на заемите од Светска банка и Европската банка за обнова и развој, убедувајќи ја Владата на Македонија да ја прекине понатамошната работа на браните во националниот парк. Како признание за нејзините напори, таа во април 2019 година била една од шесте екологисти на кои им била доделена еколошката награда Голдман. Лешоска, би ...

                                               

Македонија на Евровизија 2021

Македонија учествуваше на Евровизија 2021 во Ротердам, Холандија, со Васил Гарванлиев и песната Here I Stand. Тој требаше да се натпреварува на Евровизија 2020 со песната You, но изданието беше откажано. Македонија не успеа да се квалификува од првото полуфинале во финалето, завршувајќи 15та од 16 учесници со 23 поени.

Свет
                                     

ⓘ Свет

Свет - планетата Земја и сиот живи битија на неа, вклучувајќи ја човечката цивилизација. Во поширока смисла, под поимот се подразбира целата материјална стварност, вселена, земјата со сите што суштествуваат на неа. Во теолошка смисла, светот го сочинува сето она што е материјално, наспроти светото небесното или духовното. Многу религии имаат свои учења за "крајот на светот" или крајот на историјата, збирно наречени есхатологија.

Историјата на светот ги опфаќа позначајните геополитички збиднувања во текот на околу пет илјадалетија, од првите цивилизации до денешницата. Во таа смисла се применуваат поимите "светска религија", "светски јазик", "светска влада" и "светска војна", подразбирајќи меѓународен или меѓуконтинентален опфат без нужна вклученост на секој дел од светот.

Светското население е збир од сите народи на светот во дадено време; под светска економија се подразбира збирот на стопанствата на сите општества или земји, особено во контекст на глобализацијата. Поимите "светско првенство", "бруто светски производ" и "светски знамиња" збирно ги подразбираат сите суверени држави во целина.

                                     

1. Филозофија

Во филозофијата, поимот "свет" има неколку значења. Во некои случаи, ја подразбира сета стварноста или целата физичка вселена. Во други може да има поконкретна онтолошка смисла. Утврдувањето на соодветен концепт за светот отсекогаш бил меѓу задачите на европската филозофија, иако како изречна задача се јавува дури на почетокот на XX век и останува предмет на филозофска раправа до денес.

                                     

1.1. Филозофија Платон

Во познатата алегорија за пештерата, Платон ги разликува облиците како идеи од сликите и претставите како два посебни света: светот на сетилата и светот на разбирањето.

                                     

1.2. Филозофија Хегел

Хегеловата филозофија на историјата вели дека "светската историја е суд на светот" Weltgeschichte ist Weltgericht, односно гледиштето дека историјата е таа што му суди на човекот, неговите постапки и неговите ставови. Науката е производ на човековата желба да го преобрази светот во однос на себе, а нејзина конечна цел е примената на техничкиот напредок.

                                     

1.3. Филозофија Шопенхауер

Светот како волја и претстава е најважното дело на Артур Шопенхауер. Според него, човековата волја е прозорец кон светот кој стои зад претставата или Кантовата "ствар сама по себе". Со тоа, Шопенхауер смета дека стварта сама по себе може да се осознаеме за разлика од Кант кој сметал дека ова е невозможно, бидејќи односот помеѓу претставата и крајната стварност може да се сфати како односот помеѓу човековата волја и неговото тело.

                                     

1.4. Филозофија Витгенштајн

Според Лудвиг Витгенштајн, "Светот е сето она што е". Оваа мисла напишана во неговото влијателно дело Логичко-филозофски трактат од 1921 г. послужила како основа за школата наречена логички позитивизам; ова учење поаѓа од тврдењето дека постои само еден свет, кој се состои од севкупноста на сите факти, без обѕир на тоа како истите ќе се толкуваат од било кој поединец.

                                     

1.5. Филозофија Хајдегер

Мартин Хајдегер пак, вели дека "светот што нè опкружува е различен за сеој од нас, и покрај тоа што делуваме во еден ист свет". За Хајдегер, светот е она во кое сме "фрлени" и со кој треба да се соочиме како "битија во светот". Неговиот концепт на светоразоткривање е разработен во познатото дело Битие и време од 1927 г.

                                     

1.6. Филозофија Фројд

Како одговор на тоа, Зигмунд Фројд вели дека луѓето не живеат во заеднички свет, туку во заеднички мисловен процес. Сметал дека сите постапки на еден човек се поттикнати исклучиво од сладострастие. Оттука се развиле разни теории за реактивната свест.

                                     

1.7. Филозофија Други мислители

Некои подоцнежни мислители, поттикнати од мислата на Дејвид Луис, целат дека метафизичките концепти како возможност, веројатност и неопходност најдобро се анализираат споредувајќи го дадениот свет со низа можни светови - гледиштето наречено модален реализам.

                                     

2. Религија и митологија

Митските космологии честопати го претставуваат светот сосредоточен во светската оска axis mundi и ограничен од светскиот океан, светската змија или слични замисли. Според некои религии, световноста или плотност е она што се однесувва на светот наспроти она што е нематеријално и вон него.

                                     

2.1. Религија и митологија Во будизмот

Во будизмот, поимот "свет" подразбира општество, наспроти манастир. Се однесува на материјалниот свет со своите световни придобивки како богатство, углед, занимањата и војувањето. Духовниот свет ја овозможува посакуваната просветленост по пат на промени во човечката психологија.

                                     

2.2. Религија и митологија Во православието

Во православното монаштво или испосништво аскеза, овоземскиот свет се владее според човековите страсти и нагони. Тие страсти просто се нарекуваат "свет". Секоја од нив мора да се надмине со цел човекот да стекне спасение теоза. Спасението доаѓа од личниот однос на поединецот со Бога. Ова поимување е застапено во делата на неколку испосници како што се Добротољубие на Евгариј Понтиски и небесната Лествица на Јован Лествичник. Највисок степен на превосходство над светот е исихазмот, кој пак ја достигнува својата највисока точка во Видението на Бога.

                                     

2.3. Религија и митологија Во католицизмот

Во католицизмот постои концептот Contemptus mundi "Одделност од светот" каде светот, во својата суетност, впрочем не е ништо повеќе од залуден обид за скривање од Бога кога човекот ја задушува својата желба да го чини доброто и светото.

На Вториот ватикански собор 1962-65 е направен обид за воведување на позитивен теолошки поглед на светот по пат на пастирски оптимизам во начелата Gaudium et spes "Радост и надеж", Lumen gentium "Светлост на народите", Unitatis redintegratio "Возобнова на единството" и Dignitatis humanae "Човечкото достоинство".

Според католичката политика, изразот Orbis Catholicus католичкиот свет се темели на поимот Urbi et orbi "Градот Рим и светот"), а се однесува на христијанскиот свет под папско врховенство. Може да се сфати како аналог на еврејскиот свет или исламскиот свет.

                                     

2.4. Религија и митологија Во исламот

Поимот дуњалук во исламот го ознчаува овоземското или сегашноста. наспроти поимот ахирет, што го ознчува оној свет.

                                     

2.5. Религија и митологија Во хиндуизмот

Во хиндуизмот владее поимот дарма поредок на светот и во таа смисла е различен од џанимизмот и будизмот, како и од авраамските религии. До денес претставува најстарата религија на светот која сè уште се практикува.

                                     
  • Нов Свет е традиционален назив за западната полутопка, особено Америка, извесни атлантски и тихоокеански острови чиј најблизок континентален гребен е американскиот
  • Стар Свет - поим што се однесува на светот како што бил познат во антиката и средниот век. Се користи во контекст на и наспроти Новиот Свет т.е. Америка
  • Поимот муслимански свет познат и како Умет има неколку значења. Во религиозна смисла, се однесува на оние кои се придржуваат до учењето на Исламот
  • Измислениот свет во Хари Потер серијалот од фантастични романи на Џ. К. Роулинг опфаќа два одделни и различни општества: волшебничкиот свет и светот на
  • Отворен свет е вид на дизајн на видеоигри каде што играчот може слободно да шета по виртуелниот свет Некогаш се користат и изразите нелинеарна игра
  • Изгубениот свет е роман издаден во 1912 година напишан од Сер Артур Конан Дојл. Романот разработува експедиција во Јужна Америка каде праисториски суштества
  • Енциклопедија на живиот свет англиски: Encyclopedia of Life, EOL - слободна соработна семрежна енциклопедија наменета за документирање на сите 1, 9 милиони
  • Мојот свет англиски: My world во изведба на Каролина Гочева била македонска песна претставничка на Евровизискиот фестивал 2007 година во Хелсинки, Финска
  • Подземниот свет или подземјето било место каде што мртвите преминувале после нивната смрт. Старогрчките поети не биле многу прецизни при неговото опишување
  • Храбар Нов Свет англиски: Brave New World е роман на Олдос Хаксли, напишан во 1931 година а објавен во 1932 година. Дејството на романот се одвива
                                               

Кокит

Кокит - река на подземнот свет во старогрчката митологија. Таа е река на плачот и на јачењето. Кокит е притока на Стикс и заедно со него се влева во реката Ахерон.

Beauty Never Lies
                                               

Beauty Never Lies

"Beauty Never Lies" ― песна изведена од српската пејачка Бојана Стаменов. Песната ја претставувала Србија на Евровизија 2015.

Орк (митолигоја)
                                               

Орк (митолигоја)

Орк - бог на смртта во римската митологија, сличен на богот Ад во старогрчката митологија. Неговото име често се употребувало како синоним на подземниот свет.

                                               

Македонија на Евровизија 2015

Македонија учествуваше на Евровизија 2015 во Виена, Австрија, со песната Лисја есенски отпеана од Даниел Кајмакоски. Го освои 15. место со 28 бодови во првото полуфинале, неуспевајќи да влезе во финалето.

                                               

Македонија на Евровизија 2016

Македонија учествуваше на Евровизија 2016 во Стокхолм, Шведска. Македонскиот претставник беше избран преку интерна селекција, организирана од МРТ. Калиопи ја претставуваше Македонија со песната Дона, која не успеа да се квалификува од второто полуфинале во финалето, и се пласираше на 11-то место со 88 бодови.

                                               

Македонија на Евровизија 2013

Македонија учествуваше на Евровизија 2013 во Малме, Шведска. Македонскиот претставник беше избран преку интерна селекција, организирана од МРТ. Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ја претставуваа Македонија со песната Пред да се раздени, која не успеа да се квалификува од второто полуфинале во финалето, и се пласираше на 16-то место со 28 бодови.

                                               

Македонија на Евровизија 2014

Македонија учествуваше на Евровизија 2014 во Копенхаген, Данска. Македонскиот претставник беше избран преку интерна селекција, организирана од МРТ. Тијана Дапчевиќ ја претставуваше Македонија со песната Таму кај што припаѓам, која не успеа да се квалификува од второто полуфинале во финалето, и се пласираше на 13-то место со 33 бодови.

Users also searched:

...
...
...