Топ-100
Back

ⓘ Шкода рапид, 2011. Шкода рапид – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода само за индискиот пазар. Се произведува од 2011 до денес. ..




Шкода рапид (2011)
                                     

ⓘ Шкода рапид (2011)

Шкода рапид – автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода само за индискиот пазар. Се произведува од 2011 до денес.

                                     

1. Историјат

Шкода рапид е семеен автомобил од нижата средна класа што го произведува Шкода Индија, исклучиво за индискиот пазар. Првпат бил прикажан во јавност во октомври 2011 година, а почнал да се продава во ноември истата година Рапид се заснова на платформата PQ25 на групацијата Фолксваген. Заснован е моделот Фолксваген венто изработен во Индија. Многу е сличен на венто, се разликува по предната маска, фаровите, браниците, задните светла и ситни детали во ентериерот и екстериерот. Рапид за индискиот пазар се произведува во градот Пуна.

Според димензиите е позициониран меѓу фабијата и октавијата. Конструиран е на продолжена платформа од моделите фабија и поло. Неговиот дизајн дава изглед на лимузина, но тоа е компакт со пет врати лифтбек, кој обезбедува капацитет на багажникот од 550 литри. Рапидот ги дели основните елементи на каросеријата и дизајнот на ентериерот со Сеат толедо од четвртата генерација и двата се склопуваат во истата фабрика на Шкода во Млада Болеслав.

И покрај тоа што го дели името со Шкода рапид кој е лансиран во 2012 година за меѓународниот пазар, овие два модели се разликуваат. Меѓународната верзија е поинаков автомобил, незначително поголем, со поинаква надворешност, нов ентериер и различни опции за моторот. Името претходно било користено за модел од 1935 година, како и за моделот од 1984 година.

                                     
  • Шкода рапид чешки: Škoda Rapid автомобил што го произведува чешката фабрика за автомобили Шкода Се произведувал од 2012 до 2019 година. Шкода рапид
  • моделот Шкода 420 Стандард во 1933 година. Новиот дизајн на шасија станала основа за моделите Шкода Популар 845 - 1.089 Шкода Рапид 1.165 - 1.766 Шкода Фаворит

Users also searched:

...