Топ-100
Back

ⓘ Суматра е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км 2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители ..




Суматра
                                     

ⓘ Суматра

Суматра е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км 2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Најмногу имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.

Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра 3.805 метри. Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источната половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е оддалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.

Цунами со височина од 15 метри, произлезено од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено покраината Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.

На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлоатира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.

                                     

1. Природа

На Суматра живеат 201 вид на цицачи и 580 видови на птици. На островот има 9 ендемски видови на цицачи и уште 14 на околните острови. Од тие видови највеќе се истакнуваат: суматрански тигар, суматрански орангутан, суматрански носорог, суматрански слон, малајски тапир, овошен лилјак и други. Има и 17 ендемски растителни видови најголемиот цвет на светот: Rafflesia arnoldii.

На островот постојат 10 национални паркови од кои три припаѓаат на листата на Светското културно наследство.

                                     

2. Покраини

Суматра е поделена на 10 покраини, од кои само Ачех има статус на посебен регион.

  • Џамби центар-исток, Џамби
  • Бенкулу јужен брег, Бенкулу
  • Риау центар, Пеканбару
  • Суматера Утара северозапад, Медан
  • Суматера Барат средина на западниот брег, Паданг
  • Ачех северозапад, главен град Банда Ачех
  • Банка Белитунг 2 острова во близина на Борнео, Панкалпинанг
  • Суматера Суматан југоисток, Палембанг
  • Риау Кепулауан Риау Острови, Танџунгпинанг
  • Лампунг југоисток, Бандар Лампунг