Топ-100
Back

ⓘ Ветеринарски гласник е списание кое е посветено на унапредување и ширење научни сознанија од областа на ветеринарната медицина и сродните академски дисциплини. ..




Ветеринарски гласник
                                     

ⓘ Ветеринарски гласник

Ветеринарски гласник е списание кое е посветено на унапредување и ширење научни сознанија од областа на ветеринарната медицина и сродните академски дисциплини. Списанието има долга традиција на издавање, со промени на името, издавачите и уредниците. Во Ветеринарски гласник се објавуваат истражувачки трудови, прегледни трудови, кратки прегледни трудови, кратки соопштенија, технички известувања, прикази на случаји и писма од уредникот. Ветеринарски гласник се објавува на англиски јазик, со резимеа на англиски и српски јазик, двапати годишно, по принцип на отворен пристап кој овозможува подобра видливост на написите. Упатствата за припрема и поднесување на ракописите, процедурата за рецензија на ракописите и сите останати информации се достапни на страницата на списанието. Оваа страница, чекор по чекор, ќе ги води авторите низ процесот на поднесување ракописи. Издавач на списанието е Универзитетот во Белград, Факултет за ветеринарна медицина.

                                     

1. Историја

При крајот на деветнаесеттиот век, поточно во 1890. година, ветеринари основале здружение под името,Удружење марвених лекара Србије”. Исто така, основале и свое списание Ветеринарски гласник каде што изјаснувале стручна и научна прашања од областа на ветеринарната медицина и сточарство. Ветеринарски гласник е основан во декември 1903. година, а првиот број е издаден во јануари 1904. година, а издавач било здружението,Марвено-лекарско удружење Краљевине Србије”. Прв уредник бил Петар Д. Тодоровиќ 1854-1917. Списанието се бавело со решавање на стручни и други прашања поврзани со струката. Пред основањето на Ветеринарен гласник, стручњаците од областа на ветеринарната медицина своите научни трудови ги објавувале во следните списанија,Српски архив”,Тежак”,Ратник” и,Народно здравље”. Од 1920. до 1941. година, списанието се издавало под називот,Југословенски ветеринарски гласник”, а издавач било здружението,Југословенско ветеринарско удружење за ветеринарство и сточарство”. Уредници биле истакнати стручњаци од тоа време. Издавањето на списанието се прекинува за време на Балканските војни, Првата и Втората светска војна и во периодот после војните 1912-1919 и 1941-1946. Од 1947. година списанието повторно почнува да се издава во новата Југославија, во почетокот од страна на Министерството за земјоделство и шумарство, а во наредниот период од страна на,Удружења ветеринара и ветеринарских техничара Југославије’’. После тоа, називот се менува во Ветеринарски гласник. После распадот ја СФРЈ издавањето на списанието запаѓа во криза, која Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград ја пребродува во 1993. година, така што одлучува да го преземе издавањето на списанието и така да го одржи континуитетот на издавање на најстарото списание од областа на ветеринарна медицина на овие простори. Стогодишнината на издавањето на првиот број обележена е во 2004. година. Ветеринарната комора на Србија, каkо коиздавач, вршела различни функции поврзани со редакција, техничко уредување, лекторирање, финансиско асистирање и експедиција на списанието, сè до 2015. година, кога сите обврски поврзани со списанието ги презема Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот во Белград. Во изминатите 60 години уредници биле Урош Братановиќ, Сава Михајловиќ, Љубомир Козиќ, Ѓурѓе Ѓурѓевиќ, Божидар Марковиќ, Златан Синовец од 2002. до 2007. и Витомир Ќупиќ од 2008. до 2016. До 2016. година Ветеринарски гласник се објавува на српски јазик, со резимеа на српски, англиски и руски јазик, шест пати годишно, а од 2017. година Ветеринарски гласник се објавува и на англиски јазик, со резимеа на англиски и српски јазик, двапати годишно, по принцип на отворен пристап кој овозможува подобра видливост на написите.

                                     

2. Периодичност на издавање

Се издавал 12 пати во годината месечно до 1998. година, а од 1999. година ја променил периодичноста на двомесечно издавање. Со промена на уредничката политика и преминување на англиски јазик, од 2017. година излегува двапати годишно.

                                     

3. Теми

  • Паразитологија
  • Молекуларна биологија
  • Ветеринарна медицина
  • Репродукција на животни
  • Фармакологија
  • Инфективни болести
  • Патологија
  • Ендокринологија
  • Анатомија
  • Имунологија
  • Биохемија
  • Судска ветеринарна медицина
  • физиологија
  • Однесување и благосостојба на животните
  • Интерни болести
  • Хирургија
  • Хигијена и технологија на намирница од животинско потекло
  • Микробиологија
  • Исхрана на животни
  • Зоохигиена
  • Хистологија