Топ-100
Back

ⓘ Шуховска кула, познатa и каkо кула Шаболовка – радиокула во Москва. Споменик на архитектурата и објект на светското наследство. Оваа кула е 160-метарски слободн ..




Шуховска кула
                                     

ⓘ Шуховска кула

Шуховска кула, познатa и каkо кула Шаболовка – радиокула во Москва. Споменик на архитектурата и објект на светското наследство.

Оваа кула е 160-метарски слободностоечка челична рамка од револуционерни хиперболоиди. Градена е од 1920 до 1922 година, као радиопредавател за пренос на сигнал ширум Русија.

Градена е како хиперболоидна структура поточно, како хиперболоидна лушпа.

                                     

1. Историја

Величествената кула, една од околу 200 кои ги дизајнирал Владимир Глигориевич Шухов, изворно била проектирана да биде со висина од 350 метри, но оскудицата од челик во граѓанската војна во РУсија довеле до тоа изворната проектирана висина морала да се смали на 160 метри. Шухововите методи биле и иновативна: кулата била подигната според негова сопствена телескопска метода на склопување.

Шуховската кула има елегантна оригинална конструкција, заради која трпи минимални налети на ветар, кој е главна опасност за високите градби. Отворената челична конструкција ги комбинира снагата и леснотијата: по единица висина за Шуховската кула се користи трипати помалку челик во однос на Ајфеловата кула. За првобитниот проект на кулата од 350 метри проценетата маса била само 2200 тона, додека 300-метарската Ајфелова кула е тешка околу око 7300 тона.

Радиопредавателот почна со работа на 19 март 1922 година.

Шуховската кула е прогласена за споменик на архитектурата. На меѓународната конференција "Heritage at Risk. Зачувување на архитектурата на 20 век и светското наследство" која била одржана во 2006 година во Москва, Шуховската кула со својата единствена конструкција е призната како ремек-дело на руската авангардна архитектура и објект на светското наследство.

Се наоѓа на "улица Шаболовка 37", според која кулата го добил своето неслужбено име. Не е достапна за туристите.

Шуховската кула никогаш не била реставрирана и не е адекватно заштитена од корозија.

                                     

2. Поврзано

Некои од градбите кај кои е применета Шуховската хиперболоидна структура:

  • Шуховска кула на Ока, притока на Волга кај градот Нижни Новгород
  • Кадишки столбови во Кадишкиот Залив Кадис, Шпанија
  • 610-метарска Шуховска кула во градот Гуангџоу во Кина
  • Шуховска кула во Цирих
  • Шуховска кула во Кобе во Јапонија
                                     

3. Извори

  • Rainer Graefe:" Vladimir G. Šuchov 1853-1939 - Die Kunst der sparsamen Konstruktion.”, S.192, Stuttgart, DVA, 1990.
  • Brumfield, William Cruft. The Origins of Modernism in Russian Architecture, Berkeley, University of California Press, 1991.
  • Daniel Engler Штедлива конструкција