Топ-100
Back

ⓘ Вршич. Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка и Присој ..




Вршич
                                     

ⓘ Вршич

Превој Вршич – алпски превој, највисок преслап во Словенија. Се наоѓа на Јулиските Алпи на 1.611 метри надморска висина меѓу врвовите Мојстровка и Присојник. Тој е најнизок премин од долината на Соча во долината на Сава. Ја поврзува покраината Горењска со Трента. Патот бил изграден за снабдување на австрискиот фронт во Италија, а го изградиле во многу тешки услови околу 10.000 руски воени заробеници во Првата светска војна. Многумина починале заради лошите услови и снежните луњи. На настраданите 300 руски војници денес потсетува Руската капела која стои на патот кон врвот. Покрај капелата се наоѓа масовна гробница – пирамида со натпи "На синовите на Русија".

Патот од Крањска Гора до врвот е долг 9 километри и со висинска разлика од 811 метри. Секоја година во септември се организира велосипедска рекреативна трка Јуриш на Вршич. На патот кон врвот има три планински дома: Коча на Гозд 1.226 м, Ерјавчева коча 1.515 м, Тичарјев дом 1.620 м и највисоко на планината е Поштарскиот дом 1.725 м, кој е над превојот Вршич, малку под планинскиот врв Вршич.

На Вршич сè уште се видни утврдувања од Првата светска војна.