Топ-100
Back

ⓘ Крунисувачко јајце, Фабержеово јајце. Крунисувачко јајце - царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар ..




Крунисувачко јајце (Фабержеово јајце)
                                     

ⓘ Крунисувачко јајце (Фабержеово јајце)

Крунисувачко јајце - царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1897 година од ателјистите на Фаберже, Михаел Перхин и Хенрик Вингстрем. Јајцето било направено во чест на царицата Александра Фјодоровна.

Често било изложено во музејот Ермитаж и било праќано во разни музеи низ светот како дел од привремени изложби. Моментално е поседувано од еден од руските олигарси, Виктор Векселберг.

                                     

1. Дизајн

Јајцето е направено од злато со делумен жолт емајл и се поврзува со царската облека на царицата при нејзиното крунисување.

Направено со ленти зелениково златни ливчиња поставени на секое вкрстување од царскиот двоен орел и поставена розев дијамант на средината. Овој дел бил исто така прикажан на облеката при крунисувањето на царицата.

Голем дијамант е поставен на врвот на јајцето во рамки на група од десет брилијантни дијаманти; низ нив може да се види монограмот на царицата. На другиот, потесен крај, е поставен помал дијамант во рамки на розеви дијаманти опкружени од цветни мотиви на 20 златни листови. На овој крај од јајцето, дијамантот ја покрива годината 1897 впишана на сличен начин како монограмот.

                                     

2. Изненадување

Внесено внатре во јајцето е совршена копија на царска кочија од XVIII век, која ја носела царицата Александра на нејзиното крунисување во Успенската катедрала во Москва.

Црвената боја на првобитната кочија била направена користејќи емајл со боја на јагода и сина боја за внатрешноста. На кочијата се наоѓа царската круна со розеви дијаманти и шест двојни орли на покривот; имала кристални прозорци и планинумски гуми, како и царски орел со дијаманти на секоја врата. Минијатурата имала тркала, врати, осовина и мали скали на расклопување.

                                     
  • Автентичноста на ова јајце е ставена во сомнеж од експерти на Фаберже. Тоа дури станало идентификувано како фабержеово јајце кога истражувач го забележал
  • монограм на Александра Фјодоровна Изненадувањето е високо - 65 мм. Фабержеово јајце Lowes, Will McCanless, Christel Ludewig 2001 Fabergé Eggs: A Retrospective
  • вбројува како царско Фабержеово јајце и во овој случај, станува збор за едно од седумте Келхови јајца. Ова е всушност петтото јајце од низата. Како и
  • Пеликан - фабержеово велигденско јајце скапоцени камења направено од работникот на Карл Фаберже, Михаил Перкин, во 1898 година. Јајцето било направено
  • Петнаесетгодишен јубилеј царско Фабержеово јајце едно од серијата од педесет и две јувелирски велигденски јајца изработено под надзор на рускиот јувелир
  • од постојана поставка од 1952 година. Фабержеово јајце Јајце со плот и рози Фабержеово јајце Декоративно јајце Walters Art Museum s Collection Page on
  • продадена во 2004 година на Виктор Векселберг за скоро 100 милиони долари. Фабержеово јајце Faberge - Treasures of Imperial Russia Архивирано од изворникот
  • Александра Фјодоровна. Тоа било последното дизајнирано императорско фабержеово јајце Јајцето останало недовршено. Поради руската револуција од 1917 година
  • Фабержеово јајце Кокошка Прво кралско велигденско јајце - украсено јајце кое било изработено од страна на рускиот златар и филигран Карл Фаберже по

Users also searched:

...