Топ-100
Back

ⓘ Невеста, Мартиноски. Невеста – портрет на ромска невеста од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1937 година со димензии 95х72 см. Моделот ..




Невеста (Мартиноски)
                                     

ⓘ Невеста (Мартиноски)

Невеста – портрет на ромска невеста од Никола Мартиноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1937 година со димензии 95х72 см.

Моделот на сликата гледа директно кон гледачот, а телото е странично поставено. На себе има некоја жолта кошула и бел фустан со мали сини и црвени точки. Рацете во скутот држат жолти полски цветови. Зелената заднина е чиста. "Ликот на младото девојче е работен во светол жолтеникавоокерен тон, нанесуван во мошне нежни и изедначено. Грижливо се изведени сите детали. Линијата на телото е издолжена, благо свиткана, дејствува опуштено, речиси беспомошно. Внимателно е предадена материјата на облеката, со бои што дејствуваат лесно и проѕирно, нанесени во непресилени валери". Иако сликата има "недостатоци" девојката е анатомски неточна, долниот дел од нејзиното тело е многу голем во споредба со торзото и во делови сцената е нејасна на платното не постои никаква индикација за предметот врз кој седи девојката, оваа слика е еден од маркерите на уметноста на Мартиноски од крајот на триесеттите години.

                                     
  • Никола Мартиноски Крушево, 18 август 1903 - Скопје, 7 февруари 1973 - истакнат македонски уметник и академик и една од најважните личности за развојот

Users also searched:

...