Топ-100
Back

ⓘ Фрибур, кантон. Кантон ФрибурФрајбург – кантон во средишниот дел на Швајцарија. Главен град на кантонот и негова најголема населба е градот ФрибурФрајбург. ..




Фрибур (кантон)
                                     

ⓘ Фрибур (кантон)

Кантон Фрибур/Фрајбург – кантон во средишниот дел на Швајцарија. Главен град на кантонот и негова најголема населба е градот Фрибур/Фрајбург.

                                     

1. Природни одлики

На север кантонот Фрибур/Фрајбург со свои енклави излегува на Нешателско Езеро. Северниот дел е брановиден и понизок, па е понаселен и стопански поразвиен. Посебно е важна долината на реката Сарин, каде е најголема концентрацијата на население и стопанство. Јужниот и средишниот дел на кантонот им припаѓа на Бернските Алпи. Највисокиот врв е на надморска висина од 2.389 метри. Површината на кантонот е 1.671.42 км 2.

                                     

2. Окрузи

  • Зе - седиште Муртен/Морат,
  • Гријер - седиште Буле,
  • Вевејсе - седиште Шате-Сен-Дени,
  • Сарин - седиште Фрибур/Фрајбург,
  • Броје - седиште Еставаје ле Лак,
  • Глане - седиште Ромон,
  • Сензе - седиште Таферс.
                                     

3. Население и населби

Кантонот Фрибур/Фрајбург во 2018 година имал 318.714 жители.

Кантонот Фрибур/Фрајбург е двојазичен. Се зборуваат француски 63.2% и германски јазик 29.2%, или попрецизно дијалекти на овие јазици. Францускиот преовладува на југ и запад, додека германскиот на север и исток на кантонот. Градовите Фрибур/Фрајбург и Муртен/Морат се двојазични.

Поголемиот дел од населението се католици 73% со значајно протестантско малцинство.

Најголеми градови се:

  • Буле, 17.000 жители.
  • Вилар сир Глан, 11.000 жители.
  • Фрибур/Фрајбург, 34.000 жители - главен град на кантонот
                                     

4. Стопанство

Главни стопански активности се: земјоделство, производство на хидроелектрична енергија и ситни индустриски претпријатија. Од кантонот Фрибур потекнува сирењето гријер.