Топ-100
Back

ⓘ Женева, кантон. Кантонот Женева се наоѓа на западниот брег на Женевското Езеро, на местото каде од него истекува Рона. Го опфаќа градот Женева и нејзината близи ..




Женева (кантон)
                                     

ⓘ Женева (кантон)

Кантонот Женева се наоѓа на западниот брег на Женевското Езеро, на местото каде од него истекува Рона. Го опфаќа градот Женева и нејзината близина. Од готово сите страни е опкружен со територија на Франција. Од швајцарските кантони, има само кратка граница со кантонот Во. Највисокиот врв е на надморска висина од 516 метри. Површината на кантонот е 282 км 2.

                                     

1. Историја

Кантонот Женева е еден од кантоните кои најдоцна ѝ се придружиле на Швајцарија. Тоа се случило во 1815 година, после Виенскиот конгрес. Како и некои други кантони, и кантонот Женева себеси се смета за засебна република.

                                     

2. Население религија и населени места

Кантон Женева во 2018 година има 499.480 жители.

Во кантонот Женева се зборува француски јазик. Кантон е како колепка на калвинизмот и официјално е протестантски, иако денес во него живеат повеќе римокатолици. Женева е космополитски град и седиште на многу меѓународни установи. Странците сочинуваат 37.42% од населението.

Единствен "прав" град е Женева, додека сите останати населби се нејзини предградија. Од нив најголеми населби се Верние, Ланси и Мерен.