Топ-100
Back

ⓘ Нидвалден. Кантонот Нидвалден, исто така Кантон Нидвалд е кантон на Швајцарија. Сместено е во средиштето на Швајцарија. Населението е 40.278 од кои 4.046 се стр ..




Нидвалден
                                     

ⓘ Нидвалден

Кантонот Нидвалден, исто така Кантон Нидвалд е кантон на Швајцарија. Сместено е во средиштето на Швајцарија. Населението е 40.278 од кои 4.046 се странци. Главниот град е Штанс.

                                     

1. Географија

Нидвалден се наоѓа во средината на Швајцарија. На север се граничи со Езерото Луцерн Вирвалдштатерзее, на сите други насоки со планинскиот венец Урнерските Алпи. Областа на кантонот е 276.1 км2 од кои околу 40% е населено или користено за земјоделство. Шумите зафаќаат околу една третина од кантонот, а околу една четвртина се сметаат за непродуктивни планини или ледници.

                                     

2. Општини

Постојат единаесет општини: Бекенрид, Буохс, Даленвил, Еметен, Енетбирген, Енетмоос, Хергисвил, Обердорф, Штанс, Штанштад и Волфеншисен. Главниот град е Штанс.

                                     

3. Економија

До 20 век, во Нидвалден преовладувало земјоделството. Говедата и сирењето се извезувале главно во северна Италија. Околу 1500 година, многу луѓе во Нидвалден работеле како платеници-војници.

Од средината на 19 век, наваму, трговијата, индустријата и туризмот добиле интензитет. Како и да е, до средината на 20 век земјоделството доминирало во кантонот. Денес голем број мали и средни бизниси доминираат во економијата. Најголем работодавец е конструкторот на авиони "Пилатус". Малите и средни бизниси работат во широк спектар на области. Многумина се специјализирани во машинска конструкција, медицинска опрема, меѓународна трговија, оптика и електроника.

Традиционалните области како што се шумарството и земјоделството сè уште се од важност. Земјоделството е специјализирано за сточарство и млечни производи. Фармите сè уште ги водат поединечни семејства.

Во последниве години, Нидвалден станува се повеќе вообичаено место за живеење и работа. Ова е предизвикано од нејзините ниски даноци, неговата средишна локација помеѓу Цирих и Милано, и неговата природна околина.



                                     

3.1. Економија Туризам

Поради својата планинска географија, туризмот е важен во Нидвалден. Езерото и планините привлекуваат многу туристи, и во текот на зимата и во текот на летото. Најголемите одморалишта вклучуваат Клевеналп, Штансерхорн планина, регионот околу Баналп и Биргеншток.

                                     

4. Култура

Традиционалната култура во Нидвалден била сочувана од многу мештански организации. Има традиционална музика, јодлање, танци, театри и фестивали. Исто така, има голем број на современи културни настани, како концерти и галерии.