Топ-100
Back

ⓘ Барокна архитектура. Барокната архитектура е крајно динамизирана. Фасадите се вознемирени и богати со ниши, столпови, волути, а препознатливите елементи се елип ..




Барокна архитектура
                                     

ⓘ Барокна архитектура

Барокната архитектура е крајно динамизирана. Фасадите се вознемирени и богати со ниши, столпови, волути, а препознатливите елементи се елипса, конкавност – конвексност и општата разиграност на масата.

Барок- "baluka" – значи перла, се е богато и китесто, треба да се потврди моќта на црквата и нејзиниот сјај. Барокните композиции се со големи дименѕии. Се јавуват голем број на материјали. Барок се формирал од темата која го терла човекот на размислување, и оние кои требало да го дирнат човекот и да го натераат на размислување за потребата на вера. Црквата со свите средства се трудела да ја задржи својата положба која ја имала. Барокот го применувал сето оно што веќе било пронајдено. Ги развивал односите на светлоста и сенките и тежнеел кон тоа да ја развие драматика и патетика која се потенцирала со силни гестикулации и со динамични движења и за разлика од статичната и смирената ренесанса. Се појавуваат сложени композиции и не ретко се употребуваат и несиметрични дијагонални композиции.

Барокот во профана смисла нашол место во дворовите и резиденциите на кралевите.

Плоштадите се главни елементи на барокниот урбанизам, воглавно се затворени, со елиптични основи, динамизиран простор, организирани со помош на вертикални акценти (столпови, обелиск, Фонтани – Најпознат е секако Плоштадот на Св. Петар. Ѓовани Лоренцо Бернини, од 1657 година.

                                     

1. Претставници на барокната архитектура

Италија:

  • Ц. Мадерно, италијански јазик C. Maderno
  • Ѓанлоренцо Бернини, италијански јазик "Gianlorenzo Bernini"
  • Франческо Боромини, италијански јазик "Francesco Borromini"
  • Вињола, италијански јазик "Vignola"
  • Г. дела Порта, италијански јазик "G. della Porta"
  • Доменико Фонтана. италијански јазик"Domenico Fontana"

Франција:

  • Чарлс Ле Брун, француски јазик "Charles Le Brun"
  • Андре ле Нотр. француски јазик "Alexandre Le Nôtre"
  • Жил Арден-Мансар, француски јазик "Jules Hardouin-Mansart"
  • Клод Перолт, француски јазик "Claude Perrault"
  • Луј ле Во, француски јазик "Louis Le Vau"

Германија и Австрија:

  • Балтазар Нојман, германски јазик "Balthasar Neumann"
  • И. Прендтоер. германски јазик"Y. Prendtauer"
  • Ј. Б. Фишер фон Ернах, германски јазик "J. B. Fischer von Erlach"
  • Д. Пепелман, германски јазик "D. Pöppelmann"

Англија:

  • Христофер Рен. англиски јазик "Christopher Wren"

Шпанија:

  • Хусеп Хурикера. шпански јазик "Jusepe Churriguera"
                                     

2. Палата

Духот на барокот најдобро го претставуваат неговиот урбанизам и архитектурата, а објектот кој ги соединува овие две уметности е дворецот. Во барок дворецот станува прав малечок град, Најзначајниот пример е од Версај Луј ле Во, Жил Арден-Мансар и Ле Нотр кој ја правел градинарската архитектура, во Франција 1642-1686 година. Симетричната архитектура на трокрилен дворец со главна зграда и две бочни крила под прав аглол кој покрај буквата "U" навлегува во просторот на перивојот низ пространите геометриски организирани паркови, фонтани и базени. Парковите се геометризирани и во основа се во форма на т.н. француски парк, за разлика од англискиот парк кој е органски и природен, пратејќи ги и варирајќи ги формите на архитектурата на дворецот, дури и авенијата која се протега кон влезот во палатата продолжува во паркот нагласувајќи го непрекинатото движење.

                                     

3. Црква

Во сакралната архитектура се тежнее кон што поголеми ефекти, се остваруваат нови просторни решенија од кои воглавно преовладува централен тип на основа нагласен со Купола.

Таква е и црквата San Carlo alle quattro fontane 1635 година во Рим која ја изградил Франческо Боромини. Таа е со елиптична, несиметрична, основа со ниши е исперфорирано ѕидното платно, а елиптичните форми се појавуваат и на фасадата длабоки ниши, исфрлени столбови и избоченини и други украси и сложени перфорании и на куполи. Се инсистира на расчленување, слоевитост и пластичност на внатрешниот дел на рамките на основната несиметрична форма и примена на ритмот на елипсата. Се на се, силен спор помеѓу волуменот и просторот.

Пример на динамична, но складна архитектура е црквата Virzehnheilingen Четирнаесет светци од Б. Нојман во Германија, 1743 -72 година. Тука лонгитудиналноста и латинскиот крст се добиваат со впишување на неколку елиптични форми кои понатаму варираат на сите делови од архитектурата. Освен главниот олтар, се јавува и централен, а динамизмот е постигнат и во обземањето на архитектурата, сликарството и вајарствтото во единството на белата, складна штуко декорација исполнета со илузионистички слики. Така е постигнат идеалот на барокната уметност во единството на силата и движењата богатство и раскош на украси какви владеат во природата и космосот.

Честопати готските и ренесансните цркви се барокизирале со преградување на сводовите, прочела и со додавање на лаковидни капи на кулите, а во решавање на ентериерот се поставуваат мермерни барокни површини, олтари, проповедници и др. Раскошниот бароктен дух се покажува и во богато опремената внатрешност на градбата со ѕидни слики, релјефни штуко украси, полна пластика, скапоцен мебел и украсни детали и предмети за црковна литургија.



                                     
  • Станбена зграда во Бидгошч 1896 - 98 Сагеровиот дом во Стокхолм 1893 Барокна архитектура Бозар Вилхелминизам James Stevens Curl Neo - Baroque. A Dictionary
  • класицизам од 16 век, кој исто така, беше извор за академски подоцнежната барокна архитектура На почетокот на XIX век многу неокласични архитекти биле под влијание
  • Петробарок е стилот на барокна архитектура и декорација развиена во Русија времето Петар Велики и употребена за конструкција и декорација на згради во
  • карактеризација на драперијата, денес е познат како водечка фигура во европската барокна скулптура. Во 17 век, украинскиот барок ја постигнал својата златна ера
  • француски архитект чии дела се сметаат за врвот на француската барокна архитектура означувајќи ја моќта и величенственоста на кралот Луј XIV. Роден
  • апсолутизмот и Противреформацијата. Меѓутоа постоењето на знаќајна барокна уметност и архитектура во неапсолутистички и протестантски земји го побива ова мислење
  • 17 век а како главен архитект бил Франческо Боромини 1599 - 1667 Црквата претставува еден од најголемите примери на барокна архитектура во Италија.
  • владеењето на Хенри II и Хенри III. Францускиот барок е форма на барокна архитектура која еволуирала во Франција за време на владеењето на Луј XIII 1610 - 1643
  • Нуруосманлиската џамија 1748 - 1755, првата барокна џамија во градот, исто така позната по својата барокна фонтана Во текот на XVIII век, во Топкапи - сарај

Users also searched:

...
...
...