Топ-100
Back

ⓘ Зрна - збирка од 26 песни од Радован Павловски, објавена во 1975 година. Поезијата на Радован Павловски е специфична во својата метафорика со изграден посебен к ..




                                     

ⓘ Зрна

Зрна - збирка од 26 песни од Радован Павловски, објавена во 1975 година.

Поезијата на Радован Павловски е специфична во својата метафорика со изграден посебен култ кон сликата, кон природата, кон навраќање на стварниот и имагинарниот амбиент на поетовиот роден крај наречен Железна Река.

Циклусот песни "Зрна" го сочинуваат 26 песни во кои зрното претставува многузначен симбол. Во својата основа зрното има вегетативно значење и симболизира раѓање, плодност. Тоа никогаш не умира, а преку неговата бесмртност ја претставува и судбината на човекот.

                                     

1. Критички осврт

Зрно

Во мене живее житието на народот

А со мене

И судбини по светот се пребројуваат

Да не ми остане семето во темнина

Земјата да не ми огрубее, овенее

И низ камен отвoрам пат

Породот кон сонце го водам

Во невреме јас знам химна да запеам

Потоа кон ѕвездите да се оддалечам

и да бидам вечна светлина

Над шари од жита и народи.

Уште на почетокот на песната го гледаме поистоветувањето на зрното со човекот со народот. Во поетовото срце е присутен целиот негов народ, од постанокот па до денес, сите Македонци со своите судбини по светот се слични на него. Во продолжение ја изразува својата загриженост за сопственото семе, за наследството, да не остане во темнина и на тој начин земјата да "огрубее, овенее". Всушност загриженоста е за целиот негов народ и за неговата иднина.

Сепак, во наредните стихови оптимизмот надвладува – "низ камен отвoрам пат" – зашто тој нема да дозволи семето да се уништи, тој ќе му овозможи пат до сонцето, до животот, до иднината. Знае тој дека ќе има и тешки моменти, невреме, но тој и неговиот народ ќе успеат да ги совладаат. Дури тогаш, кога ќе се ослободи од стравот, кога ќе биде сигурен во успехот, тој ќе може да се упати "кон ѕвездите", кон "вечната светлина" и од горе да ја набљудува убавината на неговата земја.

Во наредните песни на циклусот, Павловски ги расветлува разните облици и форми на зрното, го разгледува односот на поединецот кон минатото, сегашноста и иднината "Првородни зрна", за војната и последиците од неа "Зрно на воинот", за бунтот против насилството "Бунт на зрното", за вечното постоење на Македонецот "Зафрлено зрно" итн.

Секоја песна на Павловски, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ, кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја.

                                     
  • прав, составен од машки гаметофити поленови зрна на голосемениците и скриеносемениците. Поленовите зрна настануваат во микроспорангиите кои кај скриеносемениците
  • 1971 Сонце за кое змијата не знае поезија, 1972 Пир поезија, 1973 Зрна поезија, 1975 Молњи поезија, 1978 Стражи поезија, 1980 Чума поезија
  • Гнајсот е метаморфна карпа составена од средни до поголеми, груби зрна Има висок степен на метаморфизам. Гнајс Gneiss е стар германски збор првично
  • конзумирањето на целовитиот јачмен или јачменови производи како што се, јачменови зрна јачменови житарици или јачменово брашно овозможуваат најмалце 3 грама бетаглукански
  • планини направени со кефир зрна ферментиран стартер. Се подготвува со инокулација на кравјо, козјо или овчо млеко со кефирски зрна Традиционалниот кефир
  • и нејзин полимер. Постојат два основни видови на скроб, кои во скробните зрна се заедно: Амилоза, која се состои од линеарни и неразгранети ланци од неколку
  • струевито движење, измереното Доплерово поместување на светлината од поединечни зрна сведочи за струевитата природа на зрната. Типичното зрно има пречник од 1
  • структури кои вообичаено не се нарекуваат овошје, како што се зрна грав, семенките пченка, домат, и зрна пченица. Многу термини во широката употреба за семенките
  • науч. Coffea е род на цветни растенија чиишто семки, наречени кафени зрна се употребуваат за приготвување на кафе. Растението ѝ припаѓа на семејството
  • висока цена зашто за нивното производство се потреби неколку години и сите зрна не се со истиот квалитет. Имитирани лажни бисери се сите оние бисери кои
  • Арпа или суров ориз оризовите зрна што се добиваат при жетвата на оризовата култура. Зрното од арпата е обвиткано со плевици, па истото не може да се

Users also searched:

...