Топ-100
Back

ⓘ Шехзаде Мехмед, син на Сулејман I. Шехзаде Мехмед е роден на 31 октомври 1522 година, за време на кампањата на Сулејман кон Родос. Неговото раѓање се прославило ..




Шехзаде Мехмед (син на Сулејман I)
                                     

ⓘ Шехзаде Мехмед (син на Сулејман I)

Шехзаде Мехмед е роден на 31 октомври 1522 година, за време на кампањата на Сулејман кон Родос. Неговото раѓање се прославило во логорот каде била дадена милостина кон некои заробени војници. Гласникот што ја донел веста бил награден со наметка salvet ü sürûr.

Мехмед бил обрежан заедно со неговите браќа, Мустафа и Селим на 27 јуни 1530 година. Во февруари 1534 година, Мустафа бил назначен за гувернер на Маниса. Мехмед од друга страна останал во главниот град, а во 1537 година, му се придружил на неговиот татко во неговата кампања за Крф. Во 1541 година, тој и неговите помлади браќа, Селим и Бајзит, го придружувале нивниот татко во неговата кампања кон Будим.

Сулејман го фаворизирал синот на Хурем и го назначил Мехмед, неговиот втор и многу сакан син, за негов наследник спротивно на традицијата. Наскоро по нивното враќање од Крф во октомври 1542 година, Сулејман под влијание на Хурем го поставил за гувернер на Маниса. Тој го назначил и Селим за гувернер на Караманија. Пред назначувањето, принцот Мустафа бил испратен во Амасија на 16 јуни 1541 година. Мехмед ги започнал своите должности официјално како гувернер веднаш по неговото пристигнување во Маниса на 12 ноември 1542 година.

Неговата мајка, сепак, не го придружувала во неговиот покраински центар. Регистарот на Маниса покажува дека, сепак, таа патувала со Мехмед во 1543 година. Истата година, таа го посетила и нејзиниот помлад син принцот Селим, кој бил назначен за гувернер на Караманија. Неговото единствено дете Хумашах султан било родено во Маниса.

Евлија Челебија го опишува Мехмед како "принц со повеќе исклучителни квалитети дури и од Мустафа и со голем интелект. Сулејман имал намера тој да биде неговиот наследник, но "човекот предлага и Бог располага".

                                     

1. Смрт

Шехзаде Мехмед се разболел во Маниса на 31 октомври 1543 година. Починал набргу потоа, во средата навечер, 7 ноември, веројатно од мали сипаници. Следниот ден Лала-паша и Дефтардар Ибрахим Челеби го пренеле неговото тело во Истанбул. По неговата смрт, неговиот помлад брат Селим го заменил како гувернер на Маниса.

По смртта на Мехмед, Сулејман го натерал славниот царски архитект Мимар Синан да ја изгради џамијата Шехзаде во Истанбул. Исто така, Сулејман составил елегија за Мехмед и ја завршил песната со линијата "Најистакнат од принцовите, мојот султан Мехмед" во која вкупната бројчена вредност е година на смртта на неговиот син. Фактот дека смртта на Мехмед му понудила на Сулејман прва голема можност да служи како архитектонски покровител, исто така, може подоцна да им дало причина на Османлиите да веруваат дека Мехмед бил фаворит. Фактот дека Сулејман не само нарачал џамија за Мехмед, туку и ја изградил во Истанбул како да е султан со оглед дека принцовите биле погребувани во Бурса според обичајот ја рефлектира љубовта на султанот кон неговиот син.

                                     
  • принцот Шехзаде Мехмед Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на Мехмед II
  • однесува на синот и наследникот на Ибрахим - Шехзаде Мехмед По раѓањето, на неговиот син му била доделена медицинска сестра. Медицинската сестра на Мехмед била
  • омилена на Сулејман Хурем го родила својот прв син Шехзаде Мехмед во 1521 година, а во 1524 и идниот султан Селим II, уништувајќи го статусот на Махидевран
  • 2 август 1777 Шехзаде Сулејман 13 март 1779 19 јануари 1786, погребан во турбето на Абдул Хамид I I - со Мутебере Шехзаде Абдул Азис 19 август
  • година, Сулејман го назначил Ибрахим како Голем везир, заменувајќи го Пири Мехмед - паша, кој бил назначен во 1518 година од таткото на Сулејман претходниот
  • турски: шехзаде кој се борел да го добие престолот на Отоманското Царство во раниот 15 век. Тој бил султан на Румелија двапати во текот на јануари 1419
  • во Истанбул Шехзаде Мехмед 11 август 1633 11 јануари 1640, погребан во мавзолејот на Ахмед I во Сината џамија во Истанбул Шехзаде Осман 9 февруари
  • Ахмед бил син на Мехмед IV 1648 - 1687 и Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло. Ахмед III е роден во Добруџа. Тој го наследил на престолот
  • на Отоманското Царство. Бајазит II е роден во Димотика, Тракија како син на Мехмед II 1432 - 1481 и Валиде султан Мјукриме Хатун, ќерката на Сулејман - бег

Users also searched:

...