Топ-100
Back

ⓘ Емоџи се идеограми и смешковци кои се користат во електронски пораки и на мрежни места. Примери за емоџи се, и. Тие постојат во различни жанрови, на пр.: изрази ..




Емоџи
                                     

ⓘ Емоџи

Емоџи се идеограми и смешковци кои се користат во електронски пораки и на мрежни места. Примери за емоџи се, и. Тие постојат во различни жанрови, на пр.: изрази на лице, често користени предмети, места, климатски појави и животни. Слични се на емотиконките, но емоџите се слики, додека емотиконките типографски претстави. Поимот емоџи во најстрога смисла на зборот означува слики кои може да се претстават со кодирани симболи, но понекогаш се проширува да ги опфати и налепниците од пораки. Првично поимот емоџи означувал пиктограф и потекнува од јапонските зборови e + moji. Неговата сличност со зборовите емоција или емотиконка е целосно случајна.

Првите емоџи биле користени на јапонски мобилни телефони во 1997 година, а оваа појава постанала светски позната во 2010-тите кога била додадена на неколку мобилни оперативни системи. Сега тие се сметаат за голем дел од западната популарна култура. Во 2015 година, Оксфордските речници го прогласија емоџито "Лице со солзи радосници" за Збор на годината.

                                     
  • англиски: Emojipedia е прирачно мрежно место за емоџи Таа ги документира значењето и употребата на емоџи во Уникод стандардите. Емоџипедија исто така објавува

Users also searched:

...
...
...