Топ-100
Back

ⓘ Ангелот на Света Софија. Ти којшто толку време мина под малтерот на ѕидот мрачен, пак слободен си в простор зрачен – о сине тих на мисла сина – со живот пак ти ..




Ангелот на Света Софија
                                     

ⓘ Ангелот на Света Софија

Ти којшто толку време мина

под малтерот на ѕидот мрачен,

пак слободен си в простор зрачен

– о сине тих на мисла сина –

со живот пак ти гори видот

и зори како небо ѕидот

Но таа лика што се крие

под малтерот на мојте гради

и – утеха на дните млади –

по убост како сестра ти е,

не, нема мајстор да ја спаси,

со мојот живот ќе се згаси.

                                     

1. Критички осврт

Инспирација за оваа песна била фреската во црквата Света Софија во Охрид. Во неа поетот ѝ се обраќа на фреската која е симбол на минатото, на вечното, на нашата историја.

Но, вториот дел на песната е рефлексивен и во него поетот пее за својата младост и за минливоста на животот.

Двата дела на песната, Конески мајсторски ги спојува во целина, споредувајќи го ликот на ангелот со својата душа под малтерот на ѕидот мрачен – под малтерот на мојте гради, но сепак спротивставувајќи ги како вечност ангелот и минливост својот живот.

                                     
  • е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над средината на сликата е прикажан
  • златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од лицето на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна
  • златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел на лицето на монетата е прикажан грбот на Република Македонија. На десната страна
  • златни ѕвезди околу ангелот и три свеќи околу детето. Во средишниот дел од аверсот на монетата е прикажан Грбот на Република Македонија. На десната страна
  • животински фигури. На еден фрагмент ангелот го задржува Аврама да не го жртвува синот Исак, покажувајќи со прст на овенот. Облеката на Аврам била типична

Users also searched:

...