Топ-100
Back

ⓘ Споменка, книга. Споменка - роман на македонскиот писател Горјан Петревски. Книгата била напишана во селото Мренога, во периодот од 1972 до 1974 година, а првпа ..




                                     

ⓘ Споменка (книга)

Споменка - роман на македонскиот писател Горјан Петревски. Книгата била напишана во селото Мренога, во периодот од 1972 до 1974 година, а првпат била објавена во 1982 година.

                                     

1. Содржина

Романот се состои од 25 глави. Во селото каде што израснал Бојан, децата биле поделени на две дружини: оние од горниот дел на селото биле членови на дружината "Соколи", а оние од долниот дел ја сочинувале дружината "Црни стрели". Еден априлски ден, додека си играле децата, Вера Претералка му понудила на Бојан сликички со фудбалери и му открила дека Споменка разменува сликички со Никола, водачот на "Црни стрели". Бојан, кој бил вљубен во Споменка, се чувствувал предаден и се скарал со неа. По некое време, двете дружини одиграле фудбалски натпревар во кој Бојан постигнал пет гола, а неговиот тим победил убедливо. Но, следниот ден, Бојан се разболел и го посетиле сите членови на дружината, освен Споменка, но таа дошла утредента и му подарила китка јорговани. Летото, Бојан шетал во друштво со неколку девојчиња; додека тие се капеле во реката, неколку момчиња од "Црни стрели" им ги украле фустаните, но Бојан ги спасил и така станал јунак на летото, воодушеувајќи ја Споменка. Во новата учебна година, во училиштето пристигнала нова наставничка која ја викале Разделина и Бојан многу ја засакал, а истовремено ја замразил математиката поради наставникот кој ѝ се додворувал на Разделина. Еден ден, Бојан нашол фотографија на Споменка и ја зел кај себе, бакнувајќи ја. Набрзо, тој и Споменка почнале да си разменуваат писма во кои ја признале меѓусебната љубов, но Бојан попуштил во учењето и имал слаби оцени. Сепак, по укорот од наставничката и од татко му, тој решил да се поправи и почнал повеќе да учи. Еднаш, за време на посетата на рудникот, Никола не се чувствувал добро и Бојан го испратил до дома. така престанало непријателството меѓу двете дружини. На крајот од учебата година, Споменка му кажала дека ќе се пресели во градот каде се вработил нејзиниот татко. На денот на преселбата, Бојан набрал цвеќе со намера да ѝ го подари на Споменка, но само со поглед го испратил заминувањето на камионот.

                                     

2. Изданија

  • Петтото издание било објавено во 2016 година од издавачката куќа "Македонска реч". Покрај главниот текст, книгата содржи и поговор со насловот "Ликот со необично име, но со многу топлина", напишан од авторот, како и негова био-библиографија. Книгата, со обем од 150 страници и димензии од 20 сантиметри, била испечатена во печатницата "Графо-Ден" во Скопје, во тираж од 2 000 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ "Св. Климент Охридски" - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-225-116-5.