Топ-100
Back

ⓘ Триптих – три уметнички дела што припаѓаат заедно. Во ликовната уметност претставува триделна слика во која на три плочи или платна се изведени три самостојни к ..




Триптих
                                     

ⓘ Триптих

Триптих – три уметнички дела што припаѓаат заедно. Во ликовната уметност претставува триделна слика во која на три плочи или платна се изведени три самостојни композиции или фигури кои се тематски или идејно поврзани.

Триптихот како олтарна слика се состои од поголем среден дел и две потесни крила, обично расклопливи. Средната плоча, а понекогаш и крилата, може да бидат и релјефни. Крилата од надворешните страни редовно биле насликани. Рамките биле често богато резбарени. Помалите триптиси од слонова коска, служат како преносливи олтарчиња, составени од три плочки поврзани со шарки и може да се отвораат и затвораат.

Изразот триптих означува и дело од другите уметнички гранки книжевност, музика во кои посредно или непосредно се присутни битни делови на триптихот на пр. оперскиот Триптих Trittico од Џакомо Пучини.

                                     

1. Триптихот во Македонија

Во Македонија триптихот го има и значењето на најмал иконостас од три сврзани икони што се чува во домот на македонско православно семејство, пред кој се пали кандило и свеќа на големите празници и на значајни денови и настани за семејството, а свештеникот пред нив ги извршува свештенодејствијата.

                                     
  • Триптих - збирка на ковани пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година. Збирката ја сочинуваат
  • Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката Триптих На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република
  • Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката Триптих На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република
  • Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката Триптих На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република
  • Темниот цвет е даден во форма на триптих од три независни љубовни приказни: Пролет, Лето и Есен. Романот - триптих во секој од своите три дела ги има
  • издадени, поделени по серии на коишто припаѓаат и една збирка со името Триптих а покрај нив се наведени слики со приказ на лицето и опачината од парите
  • биле платени 140 000 американски долари. Во мај 1990 година, Бејконовиот триптих Мај - јуни бил продаден за 6 270 000 американски долари. По смртта на
  • И ѕвездите паѓаат сами роман, 1957 Белата долина роман, 1962 Буни триптих повест, роман, драма, 1980 Распаќа раскази, 1985 Архимандрит Анатолиј
  • Глава V Смрти, триптих прв Смртта на комуната Прво умирање Дел на третиот триптих најмрачен Глава VI Претпоследна. Болшевиците, триптих втор Кожни капути
  • Слепиот Орион 1970 и во новите раскази Фарсалската битка 1969 Триптих 1973 и Георгики 1981 Клод Симон дал примери на нова практика во
  • пласман Трка околу Австрија 1. Пласман за млад возач 4. Краен пласман Триптих де Мон е Шато 1. Етапа 2б 4. ГП Јужна Корушка 6. Национално хронометарско
  • на Диерик Боутс во делото Поклонување на Маји во Минхен, и Мореелов Триптих на Ханс Мемлинг. Копијата од Филаделфија, преку дендрохронолошка анализа
  • Учело Пјеро дела Франческа Гентски олтар, Хуберт и Јан ван Ејк Портинаров триптих Хуго ван дер Гес Портрет на Арнолфините, Јан ван Ејк Ранофламанско сликарство

Users also searched:

...
...
...