Топ-100
Back

ⓘ Медицински факултет - Скопје. Владата на Македонија на 6 март 1947 година донела Указ за формирање на Медицински факултет во Скопје. На 17 март била одржана прв ..




                                               

Златко Кесковски

Златко Кесковски е основач и генерален директор на NYSK Holdings дел од групата PharmaCann International. Компанијата се занимава со одгледување, производство и дистрибуција на медицински канабис. По аквизицијата на NYSK Holdings од страна на PharmaCann International Златко Кесковски станува генерален директор на групацијата. Животопис Златко Кесковски е роден 1970 година во Охрид. Основното и средното образование го завршил во родниот град. Дипломирал на техничкиот факултет во рамки на Универзитетот "Свети Климент Охридски" во Битола, а подоцна се стекнал со титула магистер и доктор на на ...

                                     

ⓘ Медицински факултет - Скопје

Владата на Македонија на 6 март 1947 година донела Указ за формирање на Медицински факултет во Скопје. На 17 март била одржана првата седница на Наставничкиот совет, составен од 19 наставници избрани од Матичната комисија. За прв декан бил избран проф. д-р Стерјо Боздов, за прв продекан проф. д-р М. Видаковиќ. Редовната настава на Медицинскиот факултет во Скопје започнала на 3 ноември 1947 година со пристапното предавање по анатомија на доц. д-р Зденко Крижан. Првите две години наставата се одвивала во бараките на Хигиенскиот завод и на Средното медицинско училиште, а во 1949 г. била изградена главната институтска зграда. Посебна зграда за Институтот за судска медицина била изградена во 1955, за патофизиологија во 1964, за Институтот за епидемиологија во 1984 година.

Со Уредбата на Владата од септември 1947 година, бившата Земска болница во Скопје била трансформира во Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1950 година зградата на бившиот Уред е доделена на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Клиниката за детски болести. Во 1952 година била изградена поликлиничката зграда во која биле сместени, покрај неколкуте поликлиники, и Клиниката за детски болести и Клиниката за кожни и венерични болести, а во следната 1953 година започнала изградбата на новиот Клинички блок, со чие завршување 1956 бил добиен двојно поголем клинички простор. Во текот на следните неколку години 1957–1963 била доградена старата зграда за детски болести и во неа била сместена Клиниката за гинекологија и акушерство. Потоа биле изградени Институтот за трансфузиологија, Институтот за радиологија и Институтот за радиотерапија. Во 1978 година започнала изградбата на 3 нови згради Инфективна клиника, Детска клиника и Кардиолошка клиника завршени во 1986 година. Во 1982 година започнала доградбата на Хируршките клиники што траела сè до 1990 година. Во 2004 година започнала изградбата на новата Гинеколошко-акушерска клиника и кадровската состојба постигнува огромен напредок. Од 40 лекари во 1947 година, денес на Мед. ф. работат повеќе од 1000 вработени лекари, наставници и соработници, специјалисти и супспецијалисти во разни медицински дисциплини.

Во 1972, по иницијатива на Катедрата за радиологија била формирана Виша школа за радиолошки техничари, а започнала да работи во 1972/73 г. Под ова име школата работела со прекин во 80-тите години до 2003/04. Потоа, во согласност со ЕКТС, биле воведени студиски програми за високо образование на стручни медицински сестри и стручни медицински техничари. Наставата е организирана во модули посебно за секоја профилирана насока, во 6 семестри. Постојат 9 модули меѓу кои се и радиолошките технолози, а до 2003 г. радиолошки техничари. Програмата во 2006 г. е ревидирана во согласност со Прописите на Болоњската декларија.

                                     

1.1. Органи Наставно-научен совет

Наставно-научниот совет претставува стручен орган на управување на Факултетот. Наставно-научниот совет ННС го сочинуваат деканот, продеканите и претставници избрани од катедрите од страна на редовните и вонредните професори и доцентите сразмерно на наставниците избрани односно распоредени во катедрите на Факултетот.

                                     

1.2. Органи Деканат

Деканот е раководен орган. Деканот го застапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство, во согласност со Статутот на Универзитетот. Вршењето на должноста декан е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија.

                                     

1.3. Органи Деканатска Управа

Деканатската управа е орган на управување на факултетот и има 11 члена. Деканатската управа ја сочинуваат:

  • продеканите;
  • двајца раководители на институтите кои вршат здравствена дејност ;
  • деканот;
  • еден раководител на катедрите од хируршките гранки на медицината ;
  • еден раководител na катедрите од интернистичките гранки на медицината ;
  • еден раководител на катедрите од базичните гранки на медицината кои немаат апликативни дејности и превентивни гранки ;
  • претседателот на Студентскиот парламент.
                                     
  • факултет - Скопје 2006 продолжува, Специјализација по општа хирургија Медицински Факултет - Скопје 2004 продолжува, Постдипломски студии Медицински Факултет - Скопје
  • Економски факултет - Скопје или само Економски факултет - факултет во рамките на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје Македонија, и една од првите
  • Паланка, 28 септември 1908 - Скопје 2 јули 1974 специјалист, интернист, ревматолог, редовен професор на Медицински факултет академик. Арсон е роден во
  • Посетено на 2009 - 11 - 23. Список на декани на медицинскиот факултет Медицински факултет - Скопје Посетено на 2009 - 11 - 23. Македонско Национално Здружение
  • Фармацевтскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е прва јавна високо образовна установа во Македонија која врши високообразовна
  • како фармаколог, редовен професор на Медицински факултет во Скопје Во 1959 година завршила медицина во Скопје Во 1960 година се вработила во Институтот
  • Природно - математички факултет Медицински факултет Стоматолошки факултет Фармацевтски факултет Факултет за физичка култура Факултет за информатички науки
  • медицински науки на МАНУ 1992 - 1995 Починал на 25 ноември 1995 година. д - р Марјан Димитријевски: Декани - 1947 - 2012 Скопје Медицински факултет
  • патофизиологија на Медицинскиот факултет во Скопје Во 1953 година хабилитирал, а во 1958 година станал доктор по медицински науки. Во периодот 1964 - 1965