Топ-100
Back

ⓘ Иво Пухан. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1946. По дипломирањето бил избран за аси ..




                                     

ⓘ Иво Пухан

Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Загреб. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1946. По дипломирањето бил избран за асистент по предметот римско право на Правниот факултет во Белград 1947, каде што и докторирал на тема "Историјата на стариот римски нексум" 1952. На Правно-економскиот факултет во Скопје бил избран за доцент 1952, а потоа за вонреден 1957 и за редовен професор 1962 по предметот римско право.

Бил партизан во шестата личка дивизија 1944 и учествувал во операциите на Сремскиот фронт, каде што бил ранет 1945. Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право 1960, 1964, 1968 и 1972 и судија на Уставниот суд на СРМ 1963–1971. Двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје 1957/58 и 1975–1977 и двапати проректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје 1956–1960. Објавил голем број трудови во земјата и во странство и го напишал првиот учебник по римско право на македонски јазик.

                                     
  • како двократен апсолутен победник на традиционалните Ораторски вечери Иво Пухан Плакета Јустиција за најдобар постигнат успех на правни студии како

Users also searched:

...