Топ-100
Back

ⓘ Образование за одржлив развој. Образованието за одржлив развој била програма на ООН која се дефинира како образование што поттикнува промени во знаењето, вештин ..




Образование за одржлив развој
                                     

ⓘ Образование за одржлив развој

Образованието за одржлив развој била програма на ООН која се дефинира како образование што поттикнува промени во знаењето, вештините, вредностите и ставовите за да се овозможи поодржливо и поправедно општество за сите. ООР има за цел да ги зајакне и опреми сегашните и идните генерации да ги исполнат нивните потреби користејќи избалансиран и интегриран пристап кон економските, социјалните и еколошките димензии на одржливиот развој. ООР е термин што најмногу се користи на меѓународно ниво и од ООН. Агендата 21 бил првиот меѓународен документ што го идентификувал образованието како основна алатка за постигнување одржлив развој ги потенцирал областите на дејствување за образованието.

ООР е компонента на мерење во Цел 12 на одржливиот развој ЦОР за "одговорна потрошувачка и производство". ЦОР 12 има 11 задачи, а задачата 12.8 е "До 2030 година, да се осигура дека луѓето насекаде ќе имаат соодветни информации и свесност за одржлив развој и начин на живот во хармонија со природата".

                                     

1. Концепт и потекло

Една дефиниција за ООР е "интердисциплинарна методологија на учење која ги опфаќа интегрираните социјални, економски и еколошки аспекти на формалната и неформалната наставна програма". Брундландската комисијата го дефинира одржливиот развој како исполнување на потребите на сегашната генерација, без да се става во ризик капацитетот на генерациите што доаѓаат да ги задоволат сопствените барања. Оваа агенција порано била Светската комисија за животна средина и развој создадена во 1983 година. Идејата за одржлив развој потекнува од Конференцијата на ООН за човечкото опкружување во Стокхолм Шведска 1972 година. Оттогаш, имало уште две глобални активности. Тие биле Светската комисија за животна средина и развој на ООН од 1987 година Извештај за нашата заедничка иднина и Конференцијата на ООН за животната средина и развој од 1992 година Самитот во Рио.

За УНЕСКО, образованието за одржлив развој вклучува:

.интегрирање на клучните прашања за одржлив развој во наставата и учењето. Ова може да вклучува и, на пример, упатства за климатските промени, намалување на ризикот од катастрофа, биоразновидност и намалување на сиромаштијата и одржлива потрошувачка. Исто така, се потребни учествувачки методи на предавање и учење кои ги мотивираат ги поттикнуваат учениците да го променат своето однесување и да преземат активности за одржлив развој. Како резултат на тоа, ООР промовира критичко размислување, замислување за идни сценарија и донесување одлуки на колаборативен начин.

                                     

2. Цели на одржлив развој

Целите за одржлив развој се 17 цели кои се воспоставени од ООН во 2015 година. Цел 4 за одржлив развој се фокусира на образованието, а задачата 4.7 е да се осигура дека на луѓето им се дадени знаења и вештини за промовирање на одржлив развој. Цел 12 за оддржлив развој се концентрира на одговорна потрошувачка и производство, а задачата 12.8 треба да осигура дека секој има информации и "свесност за одржлив развој и начин на живот во хармонија со природата". Задачата 12. Б според Цел 12 за ОР, исто така, има за цел да ги измери влијанијата на одржливиот развој за одржлив туризам за да создаде работни места и да ја промовира локалната култура и производи.

                                     

3. Надворешни врски

  • Учење за одржливост
  • Декада на Обединетите нации за образование за одржлив развој ЕФСД 2005–2014 година од Североисточниот центар за трансформативно образование и истражување
  • Едукација за одржливост на Глобалниот институт за одржливост
  • Принципи на одржливост
  • Образование и одржливост
  • Весник за образование за одржливост
                                     
  • владеење и реформа на ООН Безбедност Одржлив развој и климатски промени Родова рамноправност, образование и граѓанско учество и, Миграции. По принципот
  • партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо - економски развој ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност
  • воведувањето на одржлив економски и социјален напредок. Светската банка нуди два основни вида на заеми: заеми за инвестиции и заемми за развој Првите се насочени
  • капацитети од мало и средно стопанство, со создавање на услови за траен и одржлив стопански развој До 1961 година населението се намалува поради иселување
  • министер за надворешни работи на Србија 2007 - 2012 Бил основач и претседател на Народната партија и Центарот за меѓународна соработка и одржлив развој Родители
  • Последователно, економскиот развој во социјалните услуги и инфраструктурата во Непал не постигнал драматичен напредок. Систем за основно образование низ целата земја
  • за одржливост како дел од концептот за одржлив развој кој од Брунтланд Комисијата на ОН на 20 март 1987 година бил дефиниран како: Одржлив развој е
  • барањата на предизвиците поставени од Агендата за одржлив развој во 2030 година Идејата за создавање субјект за обука на вработените во Обединетите нации
  • Earth Pledge која промовира и поддржува одржлив развој според која најмалку 8 000 хемикалии се користат за суровите материјали да се претворат во текстил
  • електроенергетика мултидизмензионална интерпретација на околински ризици одржлив развој негентропски концепт и ментални индикатори невронаука квантни ментални
  • екстремна сиромаштија за половина до 2015 година, цел што била исполнета пет години пред зададениот рок. Во целите на одржлив развој целта е да се стави

Users also searched:

celi za odrzliv razvoj, одржлив развој на македонија, развој,

...
...
...