Топ-100
Back

ⓘ Луиз Глик, – американска поетеса. Добитничка на Пулицеровата награда за поезија во 1993 година. Во 2020 година, ја добила Нобеловата награда за книжевност за не ..




Луиз Глик
                                     

ⓘ Луиз Глик

Луиз Глик, – американска поетеса. Добитничка на Пулицеровата награда за поезија во 1993 година.

Во 2020 година, ја добила Нобеловата награда за книжевност за нејзиниот "непогрешлив поетски глас што, по својата строга убавина, го прави поединечното постоење универзално."

                                     

1. Животопис

Нејзиното целосно име е Луиз Елизабет Глик Louise Elisabeth Glück. Потомок е на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка. Учела на колеџите "Сара Лоренс" и "Колумбија. Нејзината поезија припаѓа на објективистичката поетика, создадена во текот на 30-тите години на минатиот век, чии главни претставници биле Луис Зуковски, Чарлс Резникоф, Џорџ Опен и Карл Ракоси. Следејќи ја оваа поетика, таа ги третира песните како предмети, истакнувајќи ја сериозноста, интелигенцијата и способноста на поетот да го разбере светот со употреба на обични секојдневни зборови. Во својот есеј "Докази и теории", таа наведува дека застапува поезија која се приближува до тишината и се граничи со исчезнувањето. Во 1993 година, ја добила Пулицеровата награда за книгата "Дива перуника". Била поетеса-лауреатка на Конгресната библиотека 2003-2004 година. Во моментов е писател-резидент на универзитетот Јејл и предавач на програмата за креативно пишување на универзитетот во Бостон. Живее во Кембриџ, во државата Масачусетс.

                                     

2. Објавени дела

Поезија

  • "Градина" 1976
  • "Ахилов триумф" 1985
  • "Vita Nova" 1999
  • "Првороденче" 1968
  • "Рурален живот" 2009
  • "Куќа во мочуриштето" 1975
  • "Песни 1962-2012" 2012
  • "Верна и виртуозна ноќ" 2014
  • "Пасишта" 1996
  • "Арарат" 1990
  • "Фигура на потекло" 1980
  • "Дива перуника" 1992
  • "Аверно" 2006
  • "Седум века" 2001

Есеи

  • Американска оригиналност: Есеи за поезијата 2017
  • Докази и теории: Есеи за поезијата 1994
                                     

3. Награди и признанија

  • Национална книжевна награда 2014
  • Болингенова награда 2001
  • Национален медал за хуманитарни науки 2015
  • Нобелова награда за литература 2020
  • Поет лауреат на САД 2003–2004
  • Пулицерова награда за поезија 1993
                                     

4. Надворешни врски

  • Louise Glück Online resources from the Library of Congress
  • Louise Glück Papers. Yale Collection of American Literature, Beinecke Rare Book and Manuscript Library.
                                     
  • англиски 2017 Казуо Ишигуро Обединето Кралство англиски 2018 Олга Токарчук Полска полски 2019 Петер Хандке Австрија германски 2020 Луиз Глик САД англиски
  • По една година, на 27 септември 1876 година, во Дижон се оженил со Мари Луиз Еме Ривиер и оттогаш живееле во новоизградената куќа. По смртта на поетот

Users also searched:

...