Топ-100
Back

ⓘ Старогрчки календар. Постојат повеќе старогрчки календари, а во повеќето држави на античка Грција започнувале помеѓу есента и зимата, освен атичкиот календар, к ..




                                     

ⓘ Старогрчки календар

Постојат повеќе старогрчки календари, а во повеќето држави на античка Грција започнувале помеѓу есента и зимата, освен атичкиот календар, кој започнувал во лето.

Грците, уште во времето на Хомер, се чини дека биле запознаени со поделбата на годината на дванаесет месечеви месеци, но не се споменува вметнатиот месец или ден, со дванаесетте месеци од 354 дена. Независно од поделбата на еден месец во денови, тој бил поделен на периоди според зголемувањето и намалувањето на Месечината. Така, првиот ден, или млада месечина, се викал Нуменија. Месецот во кој започнува годината, како и имињата на месеците, се разликувале меѓу државите, а во некои делови дури и немало имиња за месеците, бидејќи тие се разликувале само бројчено, односно биле нарекувани: први, втори, трети, четврти месец и сл.

Од голема важност за реконструкцијата на регионалните грчки календари е календарот на Делфи, поради многубројните документи што се пронајдени таму, каде се запишувало ослободувањето на робовите, од кои многу се датирани според делфискиот, но и според регионалниот календар.

                                     

1. Календари по региони

Месеците од етолскиот календар ги презентирал Дакс 1932 врз основа на аргументите на Нитицки 1901 засновани врз синхронизми во документите за манумисија, односно ослободување на робовите, пронајдени на Делфи датирани од 2 век п.н.е.

Забележани се голем број локриски календари, но само од 2 век п.н.е. Озолискиот Локрис од практични причини, исто така, имал федерален календар кој едноставно ги набројувал месеците од еден до дванаесет. Првиот месец Протос одговарал на делфискиот Букатиос, а преостанатите месеци кореспондираат со редовната низа на делфиските месеци. Забележани се имиња на одделни месеци од локриските градови во Амфиса, Фискос, Ојантеја, Тритеја и Толофон.

Имиња на месеците во Античка Македонија:

  • Апелаиос - Ἀπελλαῖος
  • Дистрос - Δύστρος
  • Ксандикос или Ксантикос - Ξανδικός или Ξανθικός
  • Лоиос - Λώιος
  • Хиперберетаиос - Ὑπερβερεταῖος
  • Диос - Δίος
  • Аудујанос или Ауднајос - Αὐδυναῖος или Αὐδναῖος
  • Горпијајос - Γορπιαῖος
  • Перитиос - Περίτιος
  • Панемос или Панамос - Πάνημος или Πάναμος
  • Артемисиос или Артамитиос - Ἀρτεμίσιος или Ἀρταμίτιος
  • Даисиос - Δαίσιος

Тесалискиот календар бил стандардизиран дури во римската ера. Претходно, сите полиси имале свои календари засновани врз нивните фестивали.

                                     
  • Римски календар - календарот кој го користеле римското кралство и република. Календарот е вклучен во јулијанскиот календар воспоставен со реформите на
  • 322 п.н.е. - година во јулијанскиот календар Тоа била 322. година пред новата ера, 322. од првиот милениум п.н.е., 22. од 4 век п.н.е. и трета од 320 - тите
  • 24 XXIV - престапна година според јулијанскиот календар Тоа била 24 година од новата ера, 24. од првиот милениум, 24. од I век и петта од 20 - тите. Истата
  • 384 п.н.е. - година во јулијанскиот календар Тоа била 384. година пред новата ера, 384. од првиот милениум п.н.е., 84. од 4 век п.н.е. и петта од 380 - тите
  • 680 п.н.е. - година во јулијанскиот календар Тоа била 680. година пред нашата ера, 680. од првиот милениум п.н.е., 80. од 7 век п.н.е. и прва од 680 - тите
  • Во старогрчката митологија, Криј старогрчки Κρεῖος Κριός Kríos или Kreios или на латински Crius е Титан, син на Уран Небо и Геја Земја Криј е
  • Хронологија од старогрчки χρόνος, време и - λογία, наука или времеслед - начинот на подредување на настани по временски редослед. Хронологијата е
  • со грчко потекло. Веројатно се навраќа на името Береника или Вероника старогрчки Βερονίκη, Βερενίκη - така се викала сопругата на владетелот на хеленистичкиот
  • сознанија и методи. Со исклучок на Тимохарис и Аристил, тој бил првиот старогрчки мислител што ја делел кружницата на 360 степени од по 60 лачни минути
  • Апостол Тимотеј Ефески старогрчки Τιμόθεος 17 - 97 - ранохристијански евангелист, маченик и прв христијански митрополит на Ефес. Тимотеј е важен за
  • хиероглифи, средниот текст е напишан на демотско писмо и долниот текст на старогрчки јазик. Во ранохристијанскиот или средновековниот период е користен како

Users also searched:

...