Топ-100
Back

ⓘ Jus Cogens право. Jus Cogens императивни норми и принципи Jus Cogens или ius cogens нормите се по дефиниција највисоки перемпторни обичајни норми, правила и при ..




                                     

ⓘ Jus Cogens право

Jus Cogens императивни норми и принципи

Jus Cogens или ius cogens нормите се по дефиниција највисоки "перемпторни" обичајни норми, правила и принципи посилни од диспозитивното те. пишано право jus dispositivum, вклучувајќи и нормите содржани во уставите на држави и меѓународните договори и конвенции. Овие норми и принципи не се подложни на дерогирањето. Тие се: правото на државна и народна самоодбрана, правото на самоопределување и интегритетот, правото на правна и суверена еднаквост и правото на државен и територијален суверенитет и интегритет, правото на политичка назавиност, правото на немешање во строга внатрешна надлежност, правото на не-дерогирање на елементите од правниот субкетивитет, правото на недискриминација на државите, правото на заштитата на основните човекови поединечни и колективни права, и слични егзистнцијални права. Овде спаѓаат инхерентните те. вродените права, од кои држава и да сака неможе да се откаже со пишан документ односно закон, устав или меѓународен договор, бидејќи мора да ги поседува како држава основните елементи на државност односно права поврзани со правната должност држава да ги поседува и да не ги дерогира.

Вообичаено за jus cogens нормите и правилата во меѓународното кривично право се сметаат забрана за водење на агресивната војна, злосторствата против човештвото, воените злосторства, геноцид, ропство и тортура, и слични екстремни кршења на правото или пошироко според меѓународното јавно право и фундаменталните норми на јавниот морал.

Според дејството сите jus cogens норми се применуваат erga omnes према сите.

                                     
  • може да биде огрничена само со нормите на задолжително меѓународното право jus cogens Во модерно доба меѓународно - правната доктрина сугерира и дека категорија
  • поврзано со основната jus cogens норма на правната еднаквост во Римското право еднаквост пред законот односно во меѓународното право суверена еднаквост