Топ-100
Back

ⓘ Ладен лем – еден од најчестите дефекти кој се јавува во електронските уреди. Калајот како основен врзувачки материјал-метал, во растопена состојба, при температ ..




                                     

ⓘ Ладен лем

Ладен лем – еден од најчестите дефекти кој се јавува во електронските уреди. Калајот како основен врзувачки материјал-метал, во растопена состојба, при температура од околу 270 °С, се нанесува на печатена плоча за да се оствари електроспроводен спој меѓу компонентите и печатената плоча.

Ладен лем е недоволно растопен и загреан калај кој се кристализира и се создава врска која има преоден отпор бидејќи контактот меѓу металите не остварен во целосна смисла. Со текот на времето доаѓа до оксидација на спојот, па преодниот отпор се зголемува додека не дојде до постојан или повремени прекини. Притоа тој прекин главно е невидлив со голо око.

Откако на печатената плоча ќе се постават компонентите, за да се оствари одредена електрична шема, истите се спојуваат со печатената плоча или рачно, со лемила, или машински во калајни бањи.

Во моментот на нанесување на растопениот калај потребно е самата операција на лемење да трае колку што треба – пар секунди, бидејќи подолгиот временски период може да ги оштети компонентите прегорување и печатената плоча кривење, а многу краток период за последица има појава на ладен лем.

Повремените прекини се особено тешки за воочување бидејќи се јавуваат како прекин дури откако уредот ќе се загрее.

Ладните лемови може да се избегнат со подгревање на компонентите кои се лемат, со користење на квалитетен калај специјално предвиден за овие намени, со стручно лемење и соодветен квалитетен алат.

Users also searched:

електроди за заварување, лемење, заварување,

...
...
...