Топ-100
Back

ⓘ Вале. Кантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со ..




Вале
                                     

ⓘ Вале

Кантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со Италија и Франција. Највисок врв е Поант Дифур со 4.634 метри, а кантонот има 50 врвови повисоки од 4.000 метри. Површината на кантонот е 5.224.5 km², што е 10% од површината на Швајцарија. Тука се наоѓа знаменитиот глечер Алеч, превојот Симплон и врвот Матерхорн. Познати се зимските центри Кранс-Монтана и Цермат.

                                     

1. Историја

Овој кантон-република ѝ се придружил на Швајцарската Конфедерација во 1815 година, после Виенскиот конгрес, иако со неа бил во посебни врски од 1529 година.

                                     

2. Окрузи

  • Мартињи - седиште Мартињи,
  • Ерен - седиште Еволен,
  • Конте - седиште Конте,
  • Сион - седиште Сион.
  • Лојк - седиште Лојк,
  • Монте - седиште Монте,
  • Вестлих Рарон - седиште Рарон,
  • Естлих - седиште Мерил-Филет,
  • Онтремон - седиште Сомбранше,
  • Сијер - седиште Сијер/Зидерс,
  • Гомс - седиште Минстер-Гешинен,
  • Бриг - седиште Бриг-Глис,
  • Сен-Морис - седиште Сен-Морис,
  • Висп - седиште Висп,
                                     

3. Население и населби

Кантонот Вале во 2008 година имал 303.241 жители.

Кантонот е двојазичен. Се зборува француски 72.8% и германски јазик 27.1%, или попрецизно дијалекти од овие јазици. Преку 90% од жителите се католици.

Најголеми градови се:

  • Монте, 15.991 жители.
  • Мартињи, 15.374 жители.
  • Сион, 28.871 жители - главен град на кантонот
  • Бриг-Глис, 11.902 жители.
  • Сијер, 15.405 жители.
                                     

4. Стопанство

Главни стопански грански се винарството, туризмот и производство на електрична енергија во хидроелектрани. Вале е еден од најсиромашните швајцарски кантони.