Топ-100
Back

ⓘ Цирка, и се однесува на датуми и години. Наоѓа широка примена во генеалогијата и историографијата, кога времето во кое нешто се случило се знае само приближно. ..




                                     

ⓘ Цирка

Цирка, и се однесува на датуми и години. Наоѓа широка примена во генеалогијата и историографијата, кога времето во кое нешто се случило се знае само приближно.

Кога се применува кај датуми и години со временски опсег, цирка се применува пред секој датум и година. Датумот и годината пред кој не стои цирка се смета дека е точно познат.

На пример, една енциклопедиска статија за Џингис Кан може да почне со "Џингис Кан ц. 1162 - 18 август 1227", што значи дека дотичниот е роден околу 1162 година. Годината во која починал пак, нема ознака, што значи дека таа е точно позната за историјата.

На македонски поимот "цирка" "ц." може да се замени со кратенките о. "околу", прибл. "приближно", како и со знакот "~", кој е математички знак за приближност.