Топ-100
Back

ⓘ Битка кај Сетина. Битката кај Сетина ― битка помеѓу војските на Јован Владислав и Василиј II. Се одиграла во близина на Сетина, една од престолнините на Самоило ..




                                     

ⓘ Битка кај Сетина

Битката кај Сетина ― битка помеѓу војските на Јован Владислав и Василиј II.

Се одиграла во близина на Сетина, една од престолнините на Самоиловото Царство. По освојувањето на Сетина, есента 1017 година, византискиот император, испратил два поголеми одреда против Јован Владислав, кој со малубројна војска се наоѓал во нејзината околина. Византиската војска паднала во заседа и се појавила опасност да биде целосно уништена. Василиј II морал брзо да интервенира. Го нападнал ненадејно логорот на Јован Владислав и ја разбил неговата војска. Поразот кај Сетина го навестил брзиот крај на Самоиловото Царство.