Топ-100
Back

ⓘ Географија на Грузија. Вкупната површина на земјата изнесува 69 700 км 2, и според тоа се наоѓа на 118 место по големина во светот. На запад, Грузија излегува н ..




Географија на Грузија
                                     

ⓘ Географија на Грузија

Вкупната површина на земјата изнесува 69 700 км 2, и според тоа се наоѓа на 118 место по големина во светот. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан.

Главниот град Тбилиси е најголемиот во државата со околу 1 093 000 жители.

                                     

1. Клима

Климата во Грузија е умерена и суптропска. Најголемиот дел од плоштината на Грузија е покриен со планини, каде се одгледува грозје и производство на вино и коњак. Црноморскиот брег на оваа земја е популарна туристичка атракција. Многу туристи доаѓаат во Грузија поради лековитите бањи или да ги видат величествените пештери и водопади. Топлата и влажна грузиска клима е погодна за одгледување на чај и агрум. Исто така, Грузија е позната и по производство на свила и останати ткаенини.