Топ-100
Back

ⓘ Широк Сокак - најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автом ..




Широк Сокак
                                     

ⓘ Широк Сокак

Широк Сокак - најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автомобили. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу кафулиња и клубови, на 1.5 км северно од оваа улица, се наоѓа новоизградената Стрежевска Населба, каде што живеат доселеници од потопеното село Стрежево поради изградбата на хидросистемот Стрежевско Езеро. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. на самиот крај на Широк Сокак се наоѓа спортската сала Младост и се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до стадионот Тумбе Кафе, зоолошката градина и античкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис.

Во 1904 г. пионерите во киното браќата Милтон и Јанаки Манаки купуваат парцела на Широк Сокак, каде што во 1905 г. го наместиле фотографското ателје.

                                     

1. Име

Официјалното име во времето на Османлиското Царство било "Султание" или "Хамидие". Со потпаѓањето на градот под Србија во текот на Меѓусојузната војна во 1913 година, името на улицата е променето во "Крал Петар", а потоа во времето на комунизмот во Југославија, улицата била наречена "Маршал Тито".

                                     
  • Ротаракт клуб Битола Широк Сокак или скратено Ротаракт Широк Сокак - клуб на млади водачи, потенцијални идни водачи од разни области во општеството. Како
  • Магнолија е плоштад во Битола, сместен во близина на Саат кулата, веднаш до Широк сокак и спротивно од црквата Свети Димитрија. Околу плоштадот има стари куќи
  • игралиште се наоѓа меѓу Широк сокак и Градскиот парк и наспроти битолскиот музеј и Спортската сала Младост. Битола Широк сокак Народен музеј - Битола Спортска
  • Стрежевско Езеро. Населбата се наоѓа на излезот од градот, на 1.5 км од Широк Сокак во Битола, источно од падините на Облаковска Планина и од левата страна
  • се чувствува уште во првиот стих: Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк Сокак А на Дембел - чаршија кафе ќе се напијам, младост мило ќе си спомињам
  • Битола е автобуска станица во Битола, Македонија. Се наоѓа во близина на Широк сокак и Ат - Пазар. Од Автобуската станица Битола, доаѓаат и поаѓаат автобусите
  • културен центар и театар. Овде се наоѓа плоштадот Магнолија и познатиот Широк Сокак кој се смета дека е центарот на Битола и е наполнат со бескрајни нео - класични
  • Плоштадот Гоце Делчев е плоштад во Битола, сместен во централниот дел на Широк Сокак битолскиот Дом на Култура, поранешното кино Македонија и наспроти хотелот
  • период. Песната е во изворен 7 8 такт. Ајде да одиме во Битола во Битола, Широк Сокак таму, таму има моми убави моми убави, баш македонски. Ајде да одиме во

Users also searched:

...