Топ-100
Back

ⓘ Политика. За политичкото списание, види Политика списание. Политика, е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки. Терминот главно се однесува на однесу ..




                                               

Руски доброволни единици во Југославија

Руски доброволни единици во Југославија - општо име за имигрантите од земјите од поранешниот СССР кои учествувале во судирите за време на распадот на Југославија на страната на српските и југословенските трупи. Тие учествувале во воените дејствија во Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Метохија и Македонија. Според различни проценки, бројот на доброволци се движел од неколку стотици до десет илјади луѓе. На списокот на доброволци убиени во руски единици за време на војните во Хрватска и Босна и Херцеговина има 43 лица, уште тројца загинале за време на војната во Косово. Проценките за у ...

                                               

Гундемар

Гундемар ја продолжил политиката на пријателство со Клотар II од Неустрија и Теодеберт II од Австразија. За таа цел, тој испраќал големи суми пари за поддршка на нивната кауза против нивниот роднина братучед и брат, редоследно Теудерик II од Бургундија. Во други времиња, тој водел непријателска политика против Брунхилда. Според Исидор Севиљски, Гундемар направил една експедиција против Баскијците, а потоа во следната ги опседнал Римјаните. Тој починал од природна смрт во Толедо, веројатно во февруари или март 612 година. "Chronica Regum Visigotthorum" запишува дека Гундемар владеел една го ...

                                               

Опсада на Цариград (1411)

Опсадата на Цариград од 1411 година се случила за време на Отоманската граѓанска војна односно Отомански интеррегнум, кога во Отоманското Царство владеел хаос по поразот на султанот Бајазит I од воениот водач на Централна Азија, Тимур. Иако Мехмед Челебија бил потврден како султан од Тимур по Битката кај Анкара, неговите браќа Иса Челебија, Муса Челебиха, Сулејман Челебиха, а подоцна и Мустафа Челебиха, одбиле да го признаат неговиот авторитет, секој од нив претендирајќи го престолот за себе. Резултатот бил граѓанска војна. Интеррегнумот траел до Битката кај Чаморлу на 5 јули 1413 година, ...

                                               

Климатски капитализам

Климатски капитализам: Капитализам во добата на климатските промени ― книга од Л. Хантер Ловинс и Бојд Коен од 2011 година. Претставува позитивни приказни и примери за тоа како компаниите кои бараат заработка, помагаат да се спаси планетата и се вели дека "најдобриот начин за обнова на економијата, градовите и пазарите на труд на САД е да се инвестира во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, без разлика дали климатските промени се случуваат или не". Сепак, рецензентот Гејл Вајтман не бил убеден во аргументот дека голата алчност и пазарните сили ќе ги поттикнат бизнисите да ...

                                               

Мирко Илиевски

Во Тетово го завршил основното училиште. Потоа го изучил автомеханичарскиот занает и успеал да најде работа во Скопје. По окупацијата без размислување се определил за народно-ослободителното движење. Секоја дадена можност ја користел за разобличување на бугарската окупаторска фашистичка политика. Поради ваквата дејност во летото 1943 година им паднал во рацете на бугарските контрачетници. Тие цел месец го задржале во затвор, во пограничното место Грумчин. Потоа бил одведен во Централната обласна полиција, каде повторно бил изложен на малтретирање и ѕверско мачење. Во затворот останал уште ...

                                               

Агила II

Агила II - визиготски крал на Хиспанија од 710 или 711 година до неговата смрт. Кралството со кое управувал било ограничено на североисток од старото шпанско кралство заради Арапско-берберските инвазии. Владеењето на Агила е познато единствено од монети и кралски списоци и не е спомнато во сигурни наративни истории. Пронајдени се златни монети од Агила на кои има натписи на кованиците на Жирона, Сарагоса, Тарагона и Нарбона. Бидејќи наративните извори, нумизматиката и кралските списоци го потврдуваат владеењето на Родерик во истите години како Агила, скоро е несомнено дека тие двајца биле ...

                                               

Национален парк Кумбрес дел Ајуско

Национален парк Кумбрес дел Ајуско - еден од многуте национални паркови во близина на Мексико Сити. Ајуско е познат по своите високи елевации достигнувајќи 3.900 метри надморска височина и е видлив од кој било дел на градот Мексико. Паркот се карактеризира со борови и дабови шуми и пасишта со високи планини. Кумбрес дел Ајуско значи "водени врвови на шуми", соодветно име за овој планински регион покриен со бујна зелена шума со многу цвеќиња поради прилично количество врнежи. Реките Балсас и Лерма започнуваат во средиштето на Кумбрес дел Ајуско. Овој опсег претставува приближно половина од ...

                                     

ⓘ Политика

За политичкото списание, види Политика списание.

Политика, е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки. Терминот главно се однесува на однесувањето во рамките на граѓанското владеење, но се користи и за други групни односи, вклучувајќи ги корпоративните, академските, и религиските институции. Се состои од "општествени односи кои вклучуваат власт или моќ" и се однесува на регулацијата на јавните случувања во рамки на политичка единица и на методите и тактиките кои се користат за формулирање и употреба на политиката.

                                     

1. Потекло на поимот

Зборот "политика" потекнува од грчкиот "Πολιτικά" моделиран врз основа на книгата за владеење и влади "работи поврзани со полисот", напишана од Аристотел, која била преведена на англиски во 15 век со латинизиран наслов "Polettiques".Поради тоа во текот на 1520-те станал "politics" во средноанглискиот јазик. види "Концизен оксфордски речник". Во 1430 година зборот "politic" се појавил во англискиот, од среднофранцускиот "politique", кој потекнува од латинскиот "politicus", кој претставува романизација на грчкиот "πολιτικός" политикос, кој меѓу другите значења, значи "од, за или поврзано со граѓани", "граѓански", "на државата" од "πολίτης" политис, "граѓанин", кој доаѓа од "πόλις" полис "град".

                                     

1.1. Потекло на поимот Различните видови на политичко искуство

Според Аристотел, државите се поделени на монархии, аристократии, тимократии, демократии, олигархии и тирании. Поради проширувањето на познавањето на историјата на политиката, поделбата била изоставена. Општо гледано, не може да се рече дека некоја форма на владеење е најдобра, ако за таква се сметаа таа што е најприкладна во околностите. Сите држави припаѓаат на типот на единична држава - суверената држава. Сите денешни велесили владеат на принципот на суверенитет. Суверенитетот може да биде носен од поединец како во автократијата или од група како во уставното владеење. Устав е пишан документ кој ја одредува и ограничува моќта на различните гранки од владата. Иако Уставот е пишан документ, постои и непишан Устав. Непишаниот устав постојано се надополнува од законодавната гранка на владата. Ова е случај кога околните случувања одредуваат која форма на владеење е најсоодветна. Сепак, пишаниот устав е најважен. Англија ја воведе навиката на пишување на устави за време на граѓанската војна, но после Реставрацијата се откажа. Навиката беше продолжена од американските колонии по нивната еманципација, Франција по револуцијата и остатокот од Европа вклучувајќи ги европските колонии.

Постојат две форми на владеење, едното е со силна централна влада како во Франција, другото е локално владеење, слично на старите поделби во Англија, слабо но без многу бирократија. Овие две форми овозможија оформување на федералното владеење, најпрвин во Швајцарија, потоа во САД во 1776 година, во Канада во 1867 година, во Германија 1870 година и во Австралија во 20 век. Федералните држави го вовеле новиот начин на договарање преку договор. Споредена со федерација, конфедерацијата се разликува по тоа што нема судска власт.За време на американската граѓанска војна, тврдењето на државите од конфедерацијата дека некоја држава може да се оддели од Унијата било неосновано поради извршната, законодавната и судската моќ на федералната влада.

Според професорот А.В.Дајси во Вовед во науката за правото во Уставот, основни одлики на федералниот устав се: Пишан устав наменет за спречување на спорови помеѓу овластувањата на федералните и државните власти. Распределување на моќта помеѓу федералната и државните влади и Врховен суд наменет за толкување на уставот и спроведување на правото, кој не е зависен од извршната и законодавната власт.

                                     

1.2. Потекло на поимот Политичка партија

Политичка партија е политичка организација која настојува да стекне и одржи политичка моќ во владата, обично преку учествување во изборни кампањи, агитација или протесни дејствија. Партиите често застапуваат веќе изразена идеологија или визија опфатена со напишана програма со одредени цели, и стапуваат во коалиција за различни интереси.

                                     

1.3. Потекло на поимот Како академска дисциплина

Политиката како наука, го испитува стекнувањето и применувањето на моќ.

Првата катедра за политички науки во САД била основана при катедрата за историја и политички науки во Универзитетот Колумбија и била водена од прускиот емигрант Франсис Либер во 1857 година.

                                     

2.1. Спектри Левица и десница во политиката

Во поново време, политичките аналитичари и политичари ја делат политиката на лево крило и десно крило, често користејќи ја идејата за централна политика како средна патека помеѓу левицата и десницата. Поделбата е скорашна не била користена од Аристотел и датира од времето на француската револуција, кога членовите на националното собрание кои ја поддржувале република, обичниот народ и секуларното општество седеле лево, а поддржуваните на монархијата, аристократијата и црквата седеле на десната страна.

Значењето на етикетирањето се усложнило со текот на годините. Позначаен настан било издавањето на Комунистичкиот манифест од Карл Маркс и Фридрих Енгелс во 1848 година. Манифестот предлага правец на делување за пролетерска револуција за рушење на буржоаското општество и укинување на приватната сопственост, со верувањето дека ова би довело до општество без класна поделба.

Значењето на десница и левица се разликува во различни земји во различни периоди, но општо, може да се каже дека десницата често ја застапува традицијата и општествената стратификација додека, левицата е често наклонета кон реформите и рамноправноста, центарот би требало да е балансот помеѓу двете крила, општествена демократија или регулиран капитализам. Според Алберто Бобио, еден од најистакнатите во оваа поделба, левицата е против општествената нееднаквост, додека десницата ја смета општествената нееднаквост како резултат на неискоренливата природна нееднаквост, и сите обиди за искоренување ги смета за утописки и авторитарни.

Некои идеологии, како христијанската демократија, ги комбинираат двете политички крила - тврди Џефри.К.Робертс и Патриша Хогвуд, "Во поглед на идеологијата, христијанската демократија вклучува многу либерални, конзервативни и социјалистички погледи во поширока рамка на морални и христијански принципи". Движења кои тврдат или тврделе дека се над поделбата на левица и десница се: фашистичка трета-опција во Италија, гаулизам во Франција, перонизмот во Аргентина и националната политика за дејствување во Мексико.



                                     

2.2. Спектри Авторитарна - либерална политика

Авторитаризам и либерализам се однесуваат на личната слобода која ја уживаат членовите на општеството. Еден автор ги опишува авторитарните политички системи како системи во кои "личните права и цели се вклештени во групните цели, очекувања и согласности" додека либералите се противат на државната сопственост. Во најчистата форма либералните поддржувчи се анархисти, кои се за целосно укинување на државата, додека најчистата форма на авторитарното поддржување е тоталитаризмот кој е за државна контрола врз сите аспекти од општеството.

На пример, класичниот либерализам познат како немешање на државата во економските прашања е доктрина која ја нагласува личната слобода и ограничена улога на владата. Ова ја вклучува важноста на човечката рационалност, личните права на сопственост, слободни пазари, природните права, заштита на граѓанските слободи, уставно ограничување на владеењето и лична слобода од ограничување, како што е наведено во пишувањата на Џон Лок, Адам Смит, Дејвид Рикардо, Волтер, Монтескје и други. Според Либералниот институт за општествени науки, "перспективата на класичниот либерал за лична благосостојба е просперитет и општествена хармонија е засилена со колку што е можно повеќе слобода и колку што е потребно, помала власт".



                                     

2.3. Спектри Светска политика

20-иот век беше сведок на две светски војни и не само подемот и падот на Третиот Рајх туку и подемот и падот на комунизмот. Развојот на атомска бомба овозможи побрзо завршување на конфликтот на САД со Јапонија во Втората светска војна. Подоцна водородната бомба стана крајното оружје за масовно уништување. Обединети Нации ја играа улогата на форум за мир во светот, на кој му се закануваше нуклеарна војна. "Создавањето на нуклеарни и вселенски оружја ја направија војната неприфатлива како инструмент за постигнување на политички цели.Иако целосен нуклеарен холокауст не доаѓа предвид, "нуклеарното уценување" станува критично не само за предизвикот за одржување на светскиот мир, туку и за националниот суверенитет. Во текот на октомври 1962 година, светот застана на работ на нуклеарна војна, за време на кубанската ракетна криза, со спроведувањето на уценувачката политика на САД против СССР. Поранешниот претседател Роналд Реган бил преплашен од нуклеарните оружја и верувал во можното постоење на живот на други планети. За претседателот, фантазијата за инвазија на светот од други светови која би ги приморала нациите да се обединат против заедничкиот непријател, била доволно силна да ги убеди сите дека човештвото би можело да се обедини за заеднички интерес како што е светскиот мир. На нивниот прв состанок во Женева во 1985 година, претседателот Реган му го споменал прашањето за можна инвазија од други светови, на Михаил Горбачов. Генералот Колин Пауел бил убеден дека предлогот за мир на Реган за Горбачов бил инспириран од научно - фантастичниот филм, Денот кога Земјата мируваше. На 21 септември 1987 година, Реган, на Генералното Собрание на Обединетите Нации изјави: ".понекогаш размислувам, колку брзо би исчезнале разликите во светот доколку би се соочувале со вонземјанска закана."

                                     

3. Политичка корупција

:Главна статија: Политичка корупција

: "Неограничената моќ настојува да ги расипе умовите на тие што ја поседуваат" - Вилијам Пит - Постариот

Политичка корупција е користењето на законодавната моќ од страна на владините службеници за незаконска лична корист. Злоупотребата на владина моќ за други цели, како на пример: угнетување на политичките неистомисленици и општа полициска бруталност, не се смета за политичка корупција. За корупција не се сметаат ниту постапките на физичките лица или корпорации кои не се директно поврзани со владата. Незаконска постапка на носител на извршна функција претставува политичка корупција само ако постапката е директно поврзана со нивната службена должност.

Формите на корупција се разликуваат, но главно вклучуваат: поткуп, изнудување, кронизам, непотизам, покровителство, мито и проневерување на пари. Иако корупцијата ги олеснува злосторничките потфати како трговија со дрога, перење на пари и трговија со луѓе, не е ограничена на овие области.

Активностите кои спаѓаат во корупција се разликуваат во зависност од земјата и судството. На пример, одредени политички финансирања кои се незаконски на едно место можат да бидат во согласност со законот на друго. Во некои случаи, владините претставници немаат добро дефинирани овластувања, што го отежнува разликувањето на законските и незаконските дејствија. Во светски рамки се смета дека годишно, во поткуп одат повеќе од еден билион американски долари. Држава со неограничена политичка корупција е позната како клептократија, што се буквално се преведува како "владеење на крадци".

"Протекционизмот е единствената корист на моќта" Ричард. Л. Кемп "Политика е уметноста на создавање на ситуации кои вклучуваат закана за загуба."

                                     

4. Поврзано

  • Политичка идеологија
  • Политички теории
  • Политички партии во светот
  • Политичари и водачи од минатото
  • Идеологија
  • Политичка корупција
  • Политички науки
  • Политика на Македонија
  • Политичка партија
  • Јавна политика
  • Политички спектар
                                     

5. Политиката како тема во уметноста и во популарната култура

Политиката како мотив во книжевноста

  • "Деца на епохата" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Двајцата политичари" - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.
  • "Насмевки" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Одморот на државникот" The Statemans Holiday - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.
  • "Политичари" - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.

Политиката како мотив во популарната музика

  • "Политичка песна за да ја пее Мајкл Џексон" англиски: Political Song For Michael Jackson To Sing - песна на американската рок-група "Минитмен" Minutemen од 1984 година.
  • "Политика" Politics - песна на американската група "Бед релиџн" Bad Religion.
  • "Политичар" англиски: Politician - песна на британската рок-група "Крим" Cream од 1968 година.
  • "Политиката на времето" англиски: The Politics Of Time - песна на американската рок-група "Минитмен" Minutemen од 1984 година.


                                     
  • Монетарната политика англиски: monetary policy претставува дел од макроекономската политика на една земја. Со нејзините мерки и инструменти, во комбинација
  • Новата економска политика руски: Новая экономическая политика НЭП претставувал економска политика која била воведена во Русија и Советскиот сојуз во
  • Македонија Сојуз на синдикатите на Македонија Конфедерација на слободни синдикати AEGEE Политика Историја на Република Македонија Македонски политичари
  • Правило за монетарната политика англиски: Monetary policy rule претставува алгебарски, бројчен или графички опис на начинот процесот според кој се
  • Монетарната политика на Република Македонија претставува дел од општата економска политика на Република Македонија, која ја води Народната банка на Република
  • Министер за труд и социјална политика - прв човек во министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, институција која била основана
  • Јавна политика е начин на дејстување или недејстување избран од јавната власт за решавање на некој проблем. Јавната политика се изразува во збир закони
  • Инструментите на монетарната политика во Македонија претставуваат административни мерки и финансиски трансакции преку кои Народната банка на Македонија
  • Во економијата и политичката наука, фискалната политика е употреба на збирка на државни приходи оданочување и расходи потрошувачка за да влијаат на
  • продуцеризам, нативизам, реализам или едноставно како спротивно од левичарската политика Поимот настанал во Француската револуција, кога либералите од третиот
  • Зелена политика или екополитика е политичка идеологија која има за цел да го поттикне еколошки одржливото општество, вкоренето во правата на животна средина
  • енергетската политика со години, и еволуираше од Европската заедница за јаглен и челик, концептот за задолжителна и сеопфатна европска енергетска политика беше

Users also searched:

м г фешн доо, parfois canti,

...
...
...