Топ-100
Back

ⓘ Асурбанипал, Ашурбанипал или Сарданапал, - последниот голем крал на стара Асирија. Познат е по тоа што бил еден од ретките кралеви во антиката кој самиот можел ..




Асурбанипал
                                     

ⓘ Асурбанипал

Асурбанипал, Ашурбанипал или Сарданапал, - последниот голем крал на стара Асирија. Познат е по тоа што бил еден од ретките кралеви во антиката кој самиот можел да чита и пишува. За време на неговата власт, асирската скулптура го достигнала својот врв. Кај грците тој бил познат како Сарданапалос ; латинските и другите средновековни текстови го нарекуваат Sardanapalus. Во Библијата тој е наречен Аснапар или Оснапер.

За време на неговото владеење, Асирската слава не само што била видлива по воената моќ, туку и по културата и уметноста. Асурбанипал ја создал "првата систематска библиотека" во Нинива, позната како Асурбанипалова библиотека, каде тој ја собрал сета клинеста литература во тоа време. Покрај ова имало и архива.

Таблиците од Нинива претставуваат најцелосен извор за сумерската и акадската верзија на Епот за Гилгамеш. Други збирки таблици нудат сумерско-акадски речник. Исто така тука се наоѓале и астрономски/астролошки текстови. Од сите групи на таблици, најголемата се занимава со тоа како да се препознаат предзнаци. Речиси сите денес се наоѓаат во Британскиот музеј во Лондон).

Асурбанипал станал принц-престолонаследник во 672, кога најстариот син на Есархадон, Син-идина-апла починал. Асурбанипал бил мошне непопуларен со дворјаноството и свештенството. Биле склучувани договори со водечките асирци, членовите на кралското семејство и странски владетели за да се обезбеди нивната лојалност кон принцот-наследник. Но само со усилбите на неговата мајка, Накија-Закуту, тој успеал да дојде на власт кога Есархадон ненадејно починал за време на неговиот египетски поход во 669.

Раниот дел од Асурбанипаловото владеење, какоо и кај највеќето асирски кралеви, бил пол со воени конфликти. Тој завојувал со својот брат Шамаш-шум-укин, кој бил назначен за крал на Вавилон, и кој се бунтувал против него. Кралот на Вавилон бил во коалиција со голем број на луѓе од јужна Месопотамија исто така и Египет. На крајот, Асурбанипал повторно го освоил Вавилон, и коалицијата се растурила. Тојисто така го задушил востанието во Египет и го освоил Елам, срамнувајќи го со земја гланиот град, Суза. Тој исто така освоил голем дел од арапските територии.

По поразот на вавилонската коалиција, во неговата 22-ра година, Асурбанипал го назначил Кандалану за марионетски крал на Вавилон. Меѓутоа, постојат некои докази дека Асурбанипал и Кандалану се впрочем еден ист човек т.е. дека Асурбанипал само решил да избере некое измислено име при неговата власт во Вавилон.

За време на поселдната декада од неговото владеење, Асирија живеела во мир, но истата почнала сериозно да опаѓа. Документацијата од овој период е многу оскудна, па затоа дури и годината на неговата смрт не ни е позната.

По смртта на Асурбанипал, неговите синови почнале жестоко да се борат аз престолот. Меѓу соперниците се вбројувале Асур-етил-илани, Син-шар-ишкун и Син-шуму-лишир, кои веројатно биле негови синови, и новиот крал на Вавилон потоа, Набополасар.

Асурбанипал е еден од најпопуларните асирски кралеви, и неговото име често се дава на момчиња во рамките на асирските заедници.

                                     
  • време. Суза била разрушувана најмалку трипати. Првиот па во 647 гпне, од Асурбанипал Вториот пат во 638 гпне, кога муслиманските војски за првпат ја завладеале
  • сасанидскиот период. Името го има на клинестите табли од времето на асирскиот Асурбанипал во формата Assara Mazaš, иако ова е контроверзно. Заратустра го нарекол
  • крајот на антиката. Подоцна, градот го нападнал асирскиот император Асурбанипал кој го сместил либискиот принц на престолот, Псаметикус. Градот Теба
  • обиди да се свири на нејзина реплика како дел од патувачки оркестар. Асурбанипал 705 - 681 п.н.е. бил крал на Асирија. Во главениот град Нинива, има
  • Претставување на палатата на Дариј I во Персеполис Во 646 година асирскиот крал Асурбанипал ја опустошил Суса, со што завршила доминацијата на Еламитите во регионот

Users also searched:

...